До кој степен дојде македонското новинарство?

Почитувањето на стандардите во новинарството е основа за професионализам, но следниов пример покажува зошто македонското новинарство е толку длабоко потонато.
Главниот уредник на неделникот Глобус, Бранко Тричковски, кој во јавноста важи за поддржувач на политиките на опозицијата, се чини се надмина себеси, но и уште во подлабока бездна го турна македонското новинарство со последната колумна во која на безобразен, вулгарен и секаков друг неновинарски и непрофесионален начин го навредува претседателот на државата Ѓорге Иванов.
Тричковски во својата колумна „Срцето го давам, ку*от не го давам!” објавена на сајтот на Глобус, на безобразен, вулгарен и досега невиден начин ја критикува изјавата на Иванов, кој му изрази поддршка на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
-Да не ми значи толку многу, јас, да речеме, на Хорхета би му го пратил ку*от! Тоа е, исто така, орган на најдлабоките чувства на човекот, на љубовта, на почитувањето! „Во тоа име, почитуван претседателе, примете го овој к*р како израз на љубовта и најдлабокото уважување” !Така би изгледала една нова честитка!, бесрамно пишува Тричковски во својата колумна.
Тричковски и во минатото е познат по своите вулгарни и навредливи текстови. Во еден таков напишан неодамна, Тричковски вели дека македонскиот народ, а и самиот Македонец е глушец кој бесмислено трча.
-Македонецот е глушец што неуморно и бесмислено трча по внатрешната страна на шупливото вмровско тркало. Македонија емитира мириси како кучка во периодот на парењето. Или ќе се ослободиме од тој вмровски „парфем” или ќе ни се качат, напиша Тричковски.
И додека опозицијата постојано обвинува дека во земјава нема одговорно новинарство и независно информирање на јавноста каде што говорот на омраза мора да биде изоставен, презентирајќи втемелување и примена на таканаречени европски вредности, човек кој ја брани политиката на опозицијата на најнизок и највулгарен начин покажува до каде е стигнато македонското новинарство.
 извор:курир.мкПочитувањето на стандардите во новинарството е основа за професионализам, но следниов пример покажува зошто македонско

Пронајдете не на следниве мрежи: