Конечно се одржа и долго очекуваниот „Скопски фестивал 2014“ во Метрополис арената, за кој како што изгледа уште долго ќе се зборува.На сцената имавме можност да слушнеме дваесет композиции изведени од реномирани пејачи, за кои цела Македонија имаше можност да гласа, а организаторите одлучија победникот на фестивалот да не претставува на изборот за песна на Евровизија 2015, година кој ќе се одржи во Виена, Австрија.
Даниел Кајмакоски ја изведе песната „Лисја есенски“ и го освои првото место на фестивалот. Песната доби 3597 гласови од македонската публика. Неговата победа беше очекувана со оглед на фактот што тој во последно време стана идол меѓу младите. Кајмакоски освои 22 поени, а како победник е добитник на награда од 20 000 евра.
Тамара Тодевска со нумерата „Брод што тоне“ е второ пласирана и доби парична награда од 10 000 евра. Третото место и припадна на младата Еги која се претстави со песната „Да не те сакам“ и освои парична награда од 5 илјади евра.
Победничката песна слушнете ја на следниот ЛИНК.
Победникот беше избран по принципот заедничка одлука на експертското жири и телефонското гласање, во рамноправен сооднос 50-50.
Но, по самото завршување на Скопскиот фестивал, полицијата веднаш спроведе голема акција. По завршувањето на фестивалот, полицијата по претходни сомнежи за можна измама и местење на фестивалот извршила претреси во повеќе објекти при што се откриени гнезда со сим картички и луѓе за кои постои сомневање кои го местеле телевоутингот.
Со 2.500 сим картички организирана група го местела резултатот на Скопски Фестивал. Четворица члена биле главни, на возраст од 26 до 56 години сите од Скопје. Меѓу нив сопственик на продукциска куќа, автори и композитор на песни и сопственикот на друштвото кое го организирало телвоутингот. Крајна цел им било да го соберат наградниот фонд од 45 илјади евра кои министерството за култура ги доделува за првите три места.
Повеќе лица биле повикани на разговор во полициска станица, а меѓу нив имало и јавни личности. Имено, композиторот и пејач Јован Јованов, менаџерот и сопственик на План Б продукција – Кристијан Стефановски и неговиот брат Игор, и Борис Видески сопственик на фирмата Видекс која го организирала телевоутингот се осомничени за местење на Скопскиот фестивал, пишува Сител.
Групата успеала под лажен идентитет и на непостоечка адреса да набави 2,500 сим картички, ги отстраниле сим и пук броевите за користењето да биде поедноставно и со телефонски апарати им ги предале на 14 лица кои во два објекти во Скопје биле задолжени да праќаат гласови.
За се имало план. Изведувачот кој го местеле да биде победник требало да добие три гласа, два за вториот и по еден за изведувачот кој тие сакале да ја добие третата награда, пишува Сител.
По целиот овој скандал се огласи и Даниел Кајмакоски во изјава за Вечер, затечен и шокиран од целата ситуација која фрли сенка врз неговата победа – Зошто би местел? – Повеќе околу тоа прочитајте ТУКА.
За да биде полесно, од организаторот на телевоутингот цело време добивале информации кои изведувач колку гласови има. Откако заврши скопски, полицијата се пуштила во акција.
Претресите во двата објекти ги потврдиле информациите кои ги добила полицијата. 14 те платени гласачи биле фатени на дело, а пронајдени се и сите сим картички. Тоа можете да го погледнете во ВИДЕОТО од измамата кое беше објавено на интернет
После ова се огласи и продокцијата „Јовановски“ – На следниот ЛИНК можете да погледнете што имаа тие да кажат.
– Со исклучок на еден од четворицата првоосомничени кој се наоѓа во странство, останатите три лица се приведени во ПС „Кисела Вода“. Со нив и со уште едно лице е извршен информативен разговор. Тие побарале присуство на бранител по што одлучиле да молчат. Извршена координација со надлежниот ЈО и по документирањето на случајот, истите се ослободени, а против нив дополнително ќе биде поднесена кривична пријава во редовна постапка, вели Иво Котевски портпарол на МВР.
Осомничените организатори ќе одговараат за компјутерска измама и злосторничко здружување. Дали годинешното издание на скопскиот фестивал бил единствениот на кој ги местеле резултатите ќе покаже дополнителната истрага. Полицијата претпоставува дека изведувачите за кои групата плаќала да освојат некое од првите три места знаеле за измамата. За возврат тие најчесто се договарале за користење на услуги, односно токму тие да им ги прават песните и кај нив да ги изработуваат музичките спотови. Деталниот извештај од МВР за измамата прочитајте го на следниот ЛИНК.На сцената имавме можност да слушнеме дваесет композиции изведени од реномирани пејачи, за кои цела Македонија имаше можност да гласа



