Во јужноафриканската верзија на „Големиот брат“ се случи неверојатен скандал. По една журка за натпреварувачите во куќата во Јоханесбург, биле испиени литри алкохол, а момче и девојка завршиле во ист кревет. Последно што камрите снимиле била сцена во која двајцата биле пијани и се бакнувале во кревет.Натпреварувачот Сијанда Нгенва утредента се пофалил дека спиел со девојката, чие име Дејли меил не го пренесува, но кога останатите прашале за тоа, таа се запрепастила и кажала дека немало такво нешто. Односно, доколку имало, таа не се сеќава, но знае дека не се согласила.
Неименуваната девојка веднаш била отстранета од куќата поради своја безбедност, а Сијанда е исфрлен и моментално е во тек истрага со која ќе биде утврдено што всушност се случило.
Теливизијата која го емитува шоуто, соопштила дека ќе го истражи инцидентот.
„Во овој момент, не е баш најјасно што се случило помеѓу нив двајца. Бидејќи таа го обвинила, ние моравме да реагираме и двајцата да ги тргнеме од куќата, но со детален преглед на снимките и земање изјави, ќе утврдиме дали имало силување или интимни односи воопшто“, наведуваат од телевизијата.
Натпреварувачот Сијанда Нгенва утредента се пофалил дека спиел со девојката, чие име Дејли меил не го пренесува, но кога останатите прашале за тоа,



