Добил 324 милиони долари на лото, а заборавил дека има купено лото ливче

Стив Тран, добитник на вториот рекорден џекпот во историјата на лотарија во САД, потполно заборавил дека купил лото ливче. Според неговите зборови ливчето вредно 324 милиони долари со недели стоело на наткасната во неговиот стан пред да се сети да ги провери броевите.Како и многуте граѓани на Северна Каролина и тој самиот се прашувал кој е среќникот кој го добил џекпотот, не ни помислувајќи дека мистериозната личност е токму тој.
-Сите беа љубопитни кој е тој, изјавил Трен.
Официјалните лица знаеле само дека добитникот го купил лото ливчето во продавница во Сан Хозе и тоа го соопштиле, но Трен имал заборавено на ливчето кое му стоело на полицата со останатите промашени ливчиња.
Пред неколку дена во 3 часот наутро, Трен се разбудил сред ноќ и се сетил дека бил во Сан Хозе. Ги проверил броевите и ја разбудил сопругата.
Неколку сати подоцна тој му се јавил на неговиот шеф и му оставил говорна порака која гласела: „ Шефе, навистина ми е жал. Го освоив џекпотот. Мислам дека нема да дојдам на работа денес, а ни утре, никогаш повеќе“.
Извор: republika.mkКако и многуте граѓани на Северна Каролина и тој самиот се прашувал кој е среќникот кој го добил џекпотот, не ни помислувајќи дека мистериозната ли

Пронајдете не на следниве мрежи: