Добитникот на Букер, Ласло Краснахоркаи објавен на македонски

Во издание на Издавачкиот центар ТРИ излезе од печат романот „Меланхолија на отпорот“ од годинешниот добитник на Букеровата награда за книжевност, славниот унгарски писател Ласло Краснахоркаи. Ова е прв превод на македонски јазик на Краснахоркаи, чии дела години наназад уживаат голема популарност на сите континенти. Краснахоркаи посебно ја заинтересира англиската публика по добивањето на највисоко достигнување во белетристиката на светската сцена, наградата Букер. Преводот го изработи Златко Панзов.Во своето култно дело Меланхолија на отпорот Ласло Краснахоркаи ги раскажува низата мистериозни настани што потресуваат едно заспано унгарско гратче. Циркусот кој ветува дека ќе го прикаже препарираното тело на најголемиот кит на светот пристигнува среде глува зима и предизвикува бизарни озборувања кај мештаните. Се шепоти дека циркусантите имаат злокобни намери, а преплашените жители се фаќаат за секаков феномен во кој наоѓаат привиден спокој – музика, космологија, властољубие. Ликовите во романот се незаборавни: злобната г-ѓа Естер, која крои планови да го заземе градот; нејзиниот маж слабак кој се повлекол од светот; кревкиот Валушка со главата во облаци, кој е наедно и херојот во книгата, единствената чиста и благородна душа… 
Компактен, моќен и неизвесен, Меланхолија на отпорот е „нарација што тече бавно како лава, во пространа темна река.“ А сепак, за чудо, овој роман, како што пишува Гардијан, „го вивнува читателот до месечевите височини.“
„Меланхолија на отпорот“ е моќен надреалистички роман во гогољевски манир за хаотичните збиднувања што го следат пристигнувањето на необичниот циркус во еден мал унгарски град. Ласло Краснахоркаи е роден во 1954
година, во Ѓула, Унгарија. Откако ги завршил студиите по право во Сегедин и книжевност во Будимпешта, од 1982 година започнува професионално да се занимава со пишување. Неколку од неговите дела, меѓу кои и неговиот прв култен роман „Сатанско танго“ (1985), послужиле како основа за филмовите на режисерот Бела Тар.
Благодарение на специфичниот книжевен стил, Ласло Краснахоркаи стекнал статус на култен писател, особено во германското јазично подрачје. Ласло Краснахоркаи е добитник на многу книжевни награди, меѓу кои и најголемото унгарско државно признание за книжевно творештво „Наградата Кошут“. Во 2014 година ја добил престижната „Награда Америка“ за книжевност.Во своето култно дело Меланхолија на отпорот Ласло Краснахоркаи ги раскажува низата мистериозни настани што потресуваат едно заспано&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: