Доделена главната награда Опел Астра Седан 2016 од големата наградна игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети“

Со доделување на главната награда Опел Астра Седан 2016, на 1ви октомври, заврши наградната игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети“. Покрај автомобилот, на извлекувањето беа доделени и други вредни награди, како патувања во Прага, Виена, Истанбул и Будимпешта, летувања на Крф, Тасос и Халкидики, скутер, три велосипеди и 40 вредносни ваучери за пазарување во маркетите на Кит-Го и Тера.Големиот настан се одржа пред новоотворениот супермаркет Кит-Го во штипската населба Сењак, со почеток во 12.00 часот, а покрај бројните изненадувања за посетителите, за добрата забава беа задолжени специјалните гости Влатко Лозаноски и Антонија Гиговска.
„Довербата што секојдневно ја добиваме од нашите потрошувачи, беше клучната причина за реализирањето на големата наградна игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети“. Континуирано и посветено се грижевме за сите фази од наградната игра и многу сме задоволни што се помина во најдобар ред. Прекрасниот автомобил, Опел Астра Седан 2016, овој пат отиде во рацете на наш лојален потрошувач од Македонска Каменица. Би сакале да им упатиме огромна благодарност на сите учесници и воедно да ја најавиме новата наградна игра, за која што сите детали ќе бидат презентирани наскоро“ – изјавија од Кит-Го и Тера маркети.
Сите потрошувачи со направена сметка од минимум 300 денари при пазарувањето во маркетите на Кит-Го и Тера имаа право на учество во големата наградната игра, која започна на 28 април годинава, а се одвиваше во 12 градови низ државата, со три месечни извлекувања во Струмица, Неготино и Кочани, како и последното, главното извлекување во Штип.Големиот настан се одржа пред новоотворениот супермаркет Кит-Го во штипската населба Сењак, со почеток во 12.00 часот, а покрај бројните изненадува

Пронајдете не на следниве мрежи: