Џогани бесен на жирито: „Не е фер што го фаворизирате Кајмакоски“

Српскиот пејач Џоле Џогани, татко на Маринела од дуото „H2O“, верува дека неговата ќерка е исфрлена од „Икс-фактор“ поради нетрпеливоста на Жељко Јоксимовиќ кон Фифи, пишуваат српски „Мондо“.- Ова што тие го прават е катастрофа! Наместо да им помогнат на овие деца, тие им одмагаат. Жирито не треба да го избере најдобриот пејач , туку оној кој има „она нешто“. Некои членови на жирито не успаја ни сами да си направат кариери вели Џогани.
Таткото на музичката партнерка на Фифи, вели дека не му е јасно како жирито може да им бира натпреварувачи песни, кога ни самите за себе не можат да го направат тоа како што треба.
– Дали тие имаат хит? Што пеат Емина и Кристина? Дали тие некогаш одржале концерт? прашува бесниот татко.
Според Џогани, исто такта, не е во ред што жирито фаворизира одредени натпреварувачи како Даниел Кајмакоски, кого неколку пати го прогласија за победник.
-Што мислите , како се чувствуваат другите кандидати, кога жирито се однесува така? Тоа психолошко влијание врз останатите вели Џогани.
Извор:republika.mk- Ова што тие го прават е катастрофа! Наместо да им помогнат на овие деца, тие им одмагаат. Жирито не треба да го избере најдобриот пејач , туку он

Пронајдете не на следниве мрежи: