петок, 27 ноември 2026
Најново

Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја, со 36,4 милијарди американски долари. Според рангирањето на Brand Finance Global 500, ова претставува зголемување од 10% во споредба со минатогодишната вредност. Со овој позитивен резултат компанијата повторно е највреден телекомуникациски бренд во Европа, пред Vodafone и Orange.   Од неговото повторно воведување во 2008, вредноста на брендот постојано расте, и се зголеми за импресивни 309%.Дојче Телеком е исто така вториот највреден германски бренд во светот, после BMW. По нив следуваат Mercedes-Benz, VW и Siemens.
Секоја година, Brand Finance ги определува  највредните брендови во светот.  Според консултантската фирма со седиште во Обединетото Кралство, рангирањето на Дојче Телеком е одраз на стабилната стратегијата за брендот.  Исто така, телекомуникациската компанија успешно го продолжи својот позитивен деловен развој и минатата година, пришто истовремено направи долгорочни инвестиции во квалитетот на мрежата, иновациите и корисничките услуги, а сето тоа претставува основа за зголемување на вредноста на брендот.
Македонски Телеком е дел од Групацијата Дојче Телеком од 2006 година.
Повеќе информации за студијата Brand Finance Global 500 можете да најдете на веб страницата https://www.brandfinance.comДојче Телеком е исто така вториот највреден германски бренд во светот, после BMW. По нив следуваат Mercedes-Benz, VW и Siemens.

Поврзани вести