Дојдете на Органскиот Базар во Скопје Сити Мол и дознајте ги тајните како зимава да ги спречите настинките и вирусите

Скопје (12.11.2015) Прекрасното сончево време и топлата есен многумина од нас успеаја да не збунат и „излажат“ дека наместо зима и ладни месеци пред нас ни престојат убави летни денови. Сепак, колку и ние да сакаме да е помината зимата и студеното време, нам ни следат месеци во кои ќе преовладува тмурното и облачно време со студ. За да бидеме подготвени за тоа што ни следи и да бидеме сигурни дека нашето тело и имунитет ќе можат да се справат со настинките, вирусите и грипот кои демнат токму во претстојните месеци, мора да водиме здрав начин на живот и да внимаваме што внесуваме во нашиот организам.Органските производи се вистински хит во светот, токму поради фактот дека она што го ставаме во нашата уста е најчестата причина за нашата физичка состојба, болестите, дебелината, алергиите и расположението. Како и секој четврток од оваа година, така и денеска, Скопје Сити Мол, е домаќин на Органскиот Базар. Станува збор за една нова енергија во нашиот главен град и форма на дружење на сите граѓани каде се споделуваат позитивната енергија и тајните за здрав живот, а производите кои доаѓаат директно од органската градина ги има за сечиј вкус и сечија трпеза.
Органскиот базар е отворен денеска, како и секој четврток, од 10 часот наутро до 22 часот во Скопје Сити Мол за сите оние кои се грижат за своето здравје и оние кои сакаат да ги дознаат сите тајни на водењето на здрав живот и како тоа влијае врз сите болести. На овој базар можете да најдете не само органска храна, туку и органски производи и препарати, како козметика направена од 100 отсто органски состојки и средства за чистење на домаќинство без хемикалии.
Органскиот базар е лоциран на влезот на Скопје Сити Мол од страната на Play Café. Денеска на менито има голем број на зеленчуци и овошја, како брокула, власец, обичен и француски магдонос, тикви, цвекло, шери домати, лути и благи пиперки, зелка, даикон, модар патлиџан, компир, дињи, кивано, блитва, рукола, ендирија, власец, јаболка, дуњи, мушмули, маслинки и многу други кои ќе се најдат на модерните тезги на  базарот. Тука ќе го најдете и киваното кое во последно време е хит на нашата планета, а тоа е познато уште и како африканска бодлива краставица, со многу освежителен и пријатен вкус. Популарноста на киваното се припишува на својата хранлива вредност и бројните здравствени придобивки што ги нуди . Тоа е богато со витамин Ц и минерали како калиум и железо Во изгледот потсеќа на киви, лимон и краставица. Оригинално потекнува од Јужна Африка, но одамна се одгледува и во многу други земји во светот. Интересно е тоа што киваното се одгледува и на територијата на Македонија, во близина на Штип, од страна на Владимир и Даринка Милановиќ, на нивната фарма за егзотично овошје и зеленчук. Ова овошје е голем извор на витамин Ц, железо и калиум.
Здравата и органската храна е најважна за одржување на здравјето и подигнување на имунитетот, особено сега, пред почетоткот на зимските денови. Како додаток на вашата здрава исхрана може да го користите органскиот витамин Ц, кој е комбинација од 4 супер овошја во еден производ. Овој производ делува како органски антиоксиданс. Еко груп кој е вклучен во овој органски базар овозможува да купите органски јаткасти производи како и јадења како кус кус итн. Дојдете, посетете го органскиот базар и снабдете се со најприродните и највкусните овошја, зеленчуци и многу други јадења, како и козметички производи и средства за чистење. Спречете ги настинките и вирусите со здрав начин на живот уште пред да дојде зимата.Органските производи се вистински хит во светот, токму поради фактот дека она што го ставаме во нашата уста е најчестата причина за нашата физичка

Пронајдете не на следниве мрежи: