Дојран преполн за викендот, културните манифестации дополнително ги ангажираа сите капацитети

Дојран е целосно подготвен за почеток на „Д Фест“, единствениот отворен музички фестивал во Македонија, кој од 15 до 17 јули по шести пат ќе се одржи, годинава во рамки на манифестацијата Дојран град на културата 2016, информираа денеска од општината.Од утре до недела, во Дојран тешко ќе може да се најде слободно место за сместување затоа што според информациите од Туристичкото биро сите расположиви капацитети за сместување се ангажирани поради што се очекуваат најмалку 30.000 гости од земјава и странство за време на фестивалот.
На фестивалот посетителите ќе уживаат во урбаната музика на „Сигма“, „Дубиоза колектив“, „Фолтин“, „Дуб пистолс“, Роџер Санчез, „Голди“, „Хладно пиво“, „Чиста околина“ и уште многу музички групи и изведувачи.
Според организаторите Д Фест, кој дневно привлекува повеќе од 10.000 посетители не е само фестивал, туку настан со силна порака и своевидно движење за позитивни општествени промени кој врвните глобални уметнички случувања ги користи како начин за пренесување на универзалната порака за љубов и слобода.Од утре до недела, во Дојран тешко ќе може да се најде слободно место за сместување затоа што според информациите од Туристичкото биро сите располо

Пронајдете не на следниве мрежи: