„Џокерот“ Геце го реши финалето: ГЕРМАНИЈА – СВЕТСКИ ШАМПИОН!

Фудбалскиот свет доби нов шампион на репрезентативен план.На прекрасното здание „Маракана“ во Рио де Женеиро се одигра големото финале од Светското Првенство во фудбал кое се одржа во Бразил, каде силите во финалниот меч си ги одмерија селекциите на Германија и Аргентина.
Репрезентацијата на Германија се здоби со титулата Светски Шампион откако славеше минимално со 1-0 со гол постигнат во продолженијата од мечот во кој по регуларните 90-минути игра резултатот гласеше 0-0, односно мрежите мируваа.
Марио Геце, „џокерот“ на селекторот на Германија, Јоаким Лев, во 113-тата минута од мечот, за време на второто продолжение го постигна победоносниот погодок на мечот од големото финале на Мундијалот во Бразил со што „Панцирите“ стигнаа до четвртата титула на Светските Првенства, додека пак аргентинците ја бркаа третата.
„Златниот џокер“ на Лев, во игра влезе во 88-мата минута од мечот, менувајќи го искусниот Клосе.
Во првото полувреме обете селекции играа мошне внимателно, претпазливо во сите делови на теренот.
Вистинската прилика за погодок дојде во 21-вата минута, чист зицер пропушти напаѓачот на аргентинската репрезентација, Гонзало Игуаин кој по грешката на Тони Крос, доби употреблива топка каде излезе еден на еден со германскиот голман Ноер. Аргентинскиот напаѓач биеше мошне неубедливо со што пропушти идеална шанса да го отвори резултатот.
Во 30-тата минута нова закана од страна на аргентинците, меѓутоа погодокот на Игуаин беше од офсајт ситуација, славјето на „Маракана“ по погодокот за брзо време беше стишено.
Во 43-тата минута конечно вистинско возбудување пред голот на Аргентина, сепак ударот на Крос беше само „лесен плен“ за голманот Ромеро кој сепак спречи водство на Германија по одличната шанса за „Панцирите“.
Хеведес во самиот финиш на првиот дел ја затресе целата конструкција од голот откако биеше со глава во стативата при едно невнимание на одбраната на „Гаучосите“.
Откако во првиот дел мрежите мируваа, во вториот дел на самиот старт големи возбудувања. Аргентина преку Меси по само една минута во второто полувреме дојде до 100-процентна шанса за постигнување на гол, сепак ударот на првата аргентинска фудбалска ѕвезда мина покрај голот на Ноер.
Повеќе на sport365На прекрасното здание „Маракана“ во Рио де Женеиро се одигра големото финале од Светското Првенство во фудбал кое се одржа во Бразил, к

Пронајдете не на следниве мрежи: