Доколку ја грицкате кожата околу ноктите, веднаш престанете! Еве зошто

Доколку ја грицкате кожата околу ноктите, веднаш престанете! Еве зошто

Сите ние имаме некакви навики кои повеќе или помалку се штетни за нашето здравје. Една од најчестите лоши навики е грицкањето на ноктите, како последица на стрес и нервоза.Слично на гризењето нокти, луѓето честопати ја грицкаат кожата околу своите нокти – можеби се познати, оние досадни ситни парченца кои се лупат околу ноктот, а кои многу болат.
Оваа навика најчесто е несвесна, се кинат делчиња од кожата, се грицкаат и се гребаат со ноктот од соседниот прст поради внатрешен немир, вознемиреност и стрес. Меѓутоа, оваа лоша навика може да биде опасна и мора да научите како да ја совладате.
Околу ноктите има легло на бактерии кои преку устата се внесуваат во организмот.
Но тоа не е се’: со лупење на горниот слој од кожата, се отвораат премини за бактериите кои лесно можат да навлезат во ткивото и да прдизвикаат инфекции во таа област.

Прочитајте уште и:

Грицкање нокти: 7 одлични решенија за оваа неубава навика

Пронајдете не на следниве мрежи: