четврток, 12 ноември 2026
Најново

Доколку машината не ви ги мие убаво садовите, пробајте го ова…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Откако садовите ќе ги измиете во машината за садови, на чиниите остануваат остатоци од храна, а на чашите дамки па на крај миете сè рачно? Еве ги можните решенија на вашиот проблем. Машината за миење садови подобро ќе ја врши својата функција доколку го направите следново:
ПРОВЕРЕТЕ ЈА ПРСКАЛКАТА
Ако садовите ги наредите премногу виоко и ја блокирате ротирачката прскалка, садовите нема добро да се измијат. Проверете ги и дупчињата на прскалката за да се осигурате дека не се затворени. Ако е потребно ичистете ги со чепкалка.
ПРОВЕРЕТЕ ГО ОДВОДОТ
Исчистете ја храната која останала на дното на машината, како и филтерот.
НЕ КОРИСТЕТЕ ПРЕМНОГУ ДЕТЕРГЕНТ
Погрешно е да мислите дека фиоката за детергент треба секогаш да ја наполните до врв. Премногу детергент може да остави дамки и траги на чашите.
ЧИСТЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА НА МАШИНАТА
Маснотиите, остатоците од детергент и каменец се задржуваат во внатрешноста на машината. Измијте ги со алкохолен оцет. На секои неколку месеци пуштајте ја машината кога е празна. Не користете детергент. Кога водата ќе почне да го полни дното на машината, отворете ја и додајте 1-2 шолји алкохолен оцет и оставете да заврши до крај.
ЗАШТЕДА
За да ја намалите потрошувачката на енергија, а со тоа и сметката за струја, машината можете да ја исклучите веднаш штом заврши програмата за миење, и да ги оставите садовите да се исушат сами. Така ќе ја избегнете програмата за топлинско сушење, а со тоа ќе ја намалите и потрошувачката на електрична енергија.Машината за миење садови подобро ќе ја врши својата функција доколку го направите следново:
ПРОВЕРЕТЕ ЈА ПРСКАЛКАТА

Поврзани вести