сабота, 28 ноември 2026
Најново

Докторите можеле да го спасат Прљак откако испи отров?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Хрватскиот токсиколог Фрањо Плавишиќ изјави дека интервенцијата на докторите по труењето на Слободан Праљак во Хаг, судејќи по се, не била доволно брза, без оглед на тоа за кого станува збор.
 Вистина е дека брзината е клучна во спасувањето на животот на отруениот пациент, посебно ако не се знае за кој отров станува збор, рече Плавишиќ.Тој додал дека изгледа поминало повеќе време од кога Праљак испил отров до неговото заминување во болница, па интервенцијата била предоцна.
 
Плавишиќ напоменува дека и за најсилниот отров кој ќе се испие потребно е некое време да влезе во крвта, односно да стане смртоносен, а за тоа време докторите можат да помогнат.
 
Плвишиќ напоменува дека Праљак отровот го испил во 11:30, а Брзата помош наводно дошла во Хаг околу 12:30, значи доцнела 1 час.Тој додал дека изгледа поминало повеќе време од кога Праљак испил отров до неговото заминување во болница, па интервенцијата била предоцна.

Поврзани вести