Домашната мачка е роден убиец

Најновата студија објавена во магазинот Nature Communications ги разубедува сите што мислат дека домашните мачки се само миленичиња кои предат и го потврди мислењето дека станува збор за вистински роден убиец,
Домашните мачки коишто излегуваат надвор од домовите и уличните мачки се главната причина за смртта на птици и мали цицачи во САД, и се „одговорни“ за исчезнувањето на 3,7 милијарди птици и 20,7 милијарди други мали животинчиња секоја година, тврдат научниците во студијата објавена во вторникот.
Уличните мачки се виновни за најголемиот број мртви птици и цицачи, вели студијата „Влијанието на уличните врз дивите животни во САД“, објавена на интернет порталот Nature Communications.Станува збор за прво изучување коешто прави компилација и систематично ја анлизира грабежливоста на мачките. Според студијата, мачките предизвикуваат „значително поголем морталитет кај дивите животни отколку што претходно се мислеше“, и најверојатно се најголемиот поединечен причинител на смртноста кај птиците и цицачите поврзан со даоѓањето на луѓето на територијата на денешните САД.Научниците од институтот Смитсониан и американската канцеларија за риби и диви животни тврдат дека повеќето птици кои ги убиваат мачките во САД, несметајќи ги Аласка и Хаваи, им припаѓаат на автохтоните видови.Во густо населените урбани средини во кои се ретки автохтоните диви животни, велат уште научниците, мачките главно ловат неавтохтони глувци и стаорци.
 
макфаксНајновата студија објавена во магазинот Nature Communications ги разубедува сите што мислат дека домашните мач

Loading...