Дона Арес раскажа КАКО ОТКРИЛА ДЕКА БОЛЕДУВА ОД РАК: „Прво почнав да ја губам енергијата, а потоа…“

Азра Колаковиќ (37) позната како Дона Арес, последниот месец ипол дена, откако докторите констатираа дека боледува од рак, проживува низ тешки моменти. На неа животот и се измени преку ноќ, а таа и понатаму остана со ведар дух.Босанската пејачка Дона Арес лежеше во болница повеќе од 3 недели, каде изгуби многу килограми, а во наредната година треба да оди на хемотерапии. Првата ја имаше пред неколку дена. Моментално се закрепнува на Бјелашница, каде ја посетуваат роднини, пријатели и колеги. Во ексклузивно интервју за Курир.рс таа отворено проговори на оваа тема…
– Тоа што сум болна ми падна тешко. Ми беше криво, а не жал, бидејќи имав големи планови за оваа и следната година. Првите два дена се исплакав а потоа ја свртев плочата. Ја прифатив болеста како предизвик да ја победам. Нема да се предадам и подготвена сум да одам до крај.
Кога дозна дека си болна?
– Постигнав беспрекорна линија со помош на тренинзи и вежби, здрава исхрана и бев многу горда на тоа. Во тоа кратко уживав, бидејќи на половина на летото почувствував дека слабеам и ја губам енергијата, но мислев дека тоа се случува поради работните обврски.
Какви симптоми имаше?
– Замор пред се, мислев дека е поради промена на климата, патувањата. Имав илјада оправдувања. Ова е подла болест, која не боли. Потоа почнаа температури од чиста мира и тоа веќе беше знак дека нешто не е во ред. Отидов на преглед и тогаш ми рекоа дека морам да направам детални анализи. Ме задржаа во болница и за 7 дена ја дознав дијагнозата – карцином, метастаза, лоши вести.
Како реагираше кога докторите ти соопштија дека имаш рак?
– Никогаш не сум лежела во болница и се чувствував како „Алиса во земјата на чудата“. Се ми беше непознато и се прилично ме фрустрираше. Постојано вадење на крв, инфузии, трансфузии, животот ми се промени преку ноќ, сето тоа по малку ме збуни, но врвната нега од докторите и сестрите ми помогна сето тоа полесно да го поднесам. Лежев еден месец, и дури пред неколку дена застанав на нозе и сега шетам на Бјелашница секој ден, вдишувам чист воздух и се подготвувам за следната хемотерапија.

 

Кој ти даде најголема поддршка?
– Јас не бев толку богата да вложувам во медиумите и во реклами како моите колеги, па за мене поретко се пишуваше, но затоа многу вложив во пријатели и луѓе ширум светот, и таа поддршка сега ми се враќа. Луѓето од сите вери се молат за мото здравје, ми посакуваат најдобри желби, ми испраќаат пораки со поддршка и нема ништо посилно и поубаво од тоа искрено и чисто човечко внимание. Тоа е голем ветар во грб. А дека јас навистина не сум таа што би паднала на колена, како што пејам во песната, така на некој начин се обидувам да дадам поттик на другите заболени да не се предаваат, да одат понатаму, дека тоа е минлива ситуација и дека треба да се остане цврст во главата.
НЕВЕРОЈАТЕН ГЕСТ од Саша Матиќ за болната Дона Арес.
Каква порака извлекуваш од ова?
– Нема предавање што и да ве снајде. Човекот треба храбро да се соочи со ситуацијата и со самиот себе. Само напред и без страв, со верба во себе, во медицината, во Бога. Нема грешка и со поддршка каква што јас имам во овој момент, не гледам причина да ја спуштам главата и да се предадам. Ќе се борам до крај бидејќи јас го можам тоа. 
Погледнете го новиот шок кој ја дочека пејачката – Беше прашање на ден кога ова ќе ми се случи – Погледнете ТУКА
 Босанската пејачка Дона Арес лежеше во болница повеќе од 3 недели, каде изгуби многу килограми, а во наредната година треба да оди на хемотерапии.

Пронајдете не на следниве мрежи: