Донесување одлука

Луѓето во животот често се наоѓаат во ситуации каде што треба да донесат важни одлуки, за себе и својата иднина, како и за луѓето кои ги сакаат и се грижат за нив.
Истражувачот по спиритуални техники на исцелителност, Жаклина Димовска во претходната статија ни посочи дека за секој наш проблем постои решени.
На оваа тематика за донесувањето одлука, кој е процес присутен во секојдневниот живот, како што изјавува истражувачот по спиритуални техники на исцелителност Жаклина Димовска, одлуката е најважниот момент кој се случува постојано, но никогаш не го гледаме, туку сме лично сведоци на чувството од донесената одлука.
„Тоа е еден вид избор. Е токму тој изборот кога ке станете свесни за него, ке разберете колку често тоа го правиме во само неколку минути, часови, денови… Во секојдневниот живот.
И не е толку суштинско колку често правиме избори, затоа што секојдневните активности постојано на тоа не носат,… Туку какви избори правиме.!!!!  Токму во овој сегмент се сконцентрирани завршетоците на многу „корења“ кои треба секој сам и тоа сосема чесно, искрено и со силна свесност со самиот себе си да почне да ги открива. Зошто токму тој избор, зошто не некој друг. .  зошто токму така, а не инаку. .. 
За да се подразбере одлуката, преку изборот да видиме како таа се манифестира најнапред!
Вечерва ќе одам во кино… не, утре ке појдам, денес има перформанс, а потоа одам на пијалок… Ќе се најдеме таму, .. не, ќе ме земат од дома, па заедно ќе одиме. . . и тн.. Варијации и комбинации на тема колку сакате за да направите еден едноставен избор за излегување една вечер…. Сега ке се отспијам, па ќе учам… , но не, ќе си завршам со учењето, а потоа ќе одморам колку сакам. . .
За да се направи избор при донесувањето одлука, најнапред си даваме или не си даваме дозвола – забрана. Дозвола да се наспијам пред да научам, дозвола да се негувам, дозвола да си купам наочари од 20.000 денари. . . и тн.. Забрана, најнапред ке научам, исчистам, исперам, избањам, а потоа ќе видам дали ке одам на масажа. (ова се чини хипер изморувачко, кога ке дојде времето за масажа, ќе бидеш изморен до толку што ќе заспиеш пред да појдеш), изјавува Жаклина Димовска.
Одлуката е нешто што може да ни пробуди среќа или тага, од крајниот резултат.
“Се чини како да е ова еден устален процес, па дури човек ќе помисли и рецепт дека има за тоа. Но, процесот е исклучително комплексен, зависен од многу моменти од вашето минато, вашето искуство (свесно и несвесно) стекнато од семејството, авторитетите, зависно од создадените чуства во некој конкретен момент таму некаде во минатото и така од момент во момент, постојано се менуваме под влијание на постојаното стекнување на искуства, кои пак постојано ги доживуваме, а во зависност од интензитетот и содржината на емоции, се стекнуваме со комплексноста на секоја индивидуа – Универзум човек, преку донесување на одлуки и правење на избори да си го креираме постојано, секојдневно и незапирливо сопствениот живот.
И токму затоа се многу важни одлуките, изборите, дозволите и забраните, кои впрочем токму под влијание на минатите доживеани искуства се генерираат и  денес…. И постојано ја градат Вашата животна стратегија, Вашата личност, Ве дефинираат самите Вас!“, надополнува Димовска.
Доколку се расветли овој сегмент од секојдневното живеење на секој од нас, треба да се има сила за одговорно, свесно и мудро донесување на одлуки.
На кое ниво, и кои се причинско последичните релации на истите ќе ги разгледаме низ холистичкиот пристап во наредната статија.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Луѓето во животот често се наоѓаат во ситуации каде што треба да донесат важни одлуки, за себе и својата иднина, како

Пронајдете не на следниве мрежи: