Досега покажа неколку лица, но што можеме да очекуваме наредно од Елена во ТЛЗП?

Во изминатите 10 поминати епизоди од шоуто “Твоето лице звучи познати”, нашата Елена Ристеска имавме прилика да ја видиме во десет улоги, машки и женски, како пее и танцува, а во некои од нив покажа и актерска умешност.Досега покажа многу лица, беше Северина, Бритни , Нина Бадриќ, Џенифер Лопез, Кристина Агилера, Харис Џиновиќ, Џеси Џеј, Есма, Оливер Драгојевиќ, ја видовме и во улогата на Кармен, но во недела нема да ја гледаме, само ќе ја слушаме.
Ова не значи дека нема да биде на сцената, туку со оглед на тоа дека и падна да ја имитира пејачката Сиа, која има необичен стил кога станува збор за нејзините настапи, секогаш носи перика и настапува свртена со грб кон камерите, овој пат така ќе биде поставена и Елена. На сценските настапи на Сиа фокусот е ставен на танчарите, а лицето не и се гледа, па така и Елена во полуфиналето нема да ја видиме само ќе ја слушаме како ќе ја изведува „Chandelier”.
Веќе од неделава во шоуто ќе се вклучи и публиката и на сите десет натпреварувачи, вклучувајќи ја и нашата Елена ќе им бидат потребни гласовите на публиката кои заедно со оние од жирито ќе одлучат кои петмина ќе одат во финалето и ќе се борат за наградата вредна 25.000 евра која ќе ја проследат во хуманитарни цели.
Според досегашниот пласман, Елена е на средина од табелата, прва е Јелена Гавриловиќ, а втор Бане Мојичевиќ.Досега покажа многу лица, беше Северина, Бритни , Нина Бадриќ, Џенифер Лопез, Кристина Агилера, Харис Џиновиќ, Џеси Џеј, Есма, Оливер Драгојевиќ, ј

Пронајдете не на следниве мрежи: