Промовирањето на Кристијан Голубовиќ по телевизиите е само по себе скандалозно, но уште полош е фактот дека сето тоа е проследено срамно молчење на Советот за Радиодифузија во Србија. За појавувањето на дилерот на дрога, крадецот на ташни од бабите, крадецот на автомобили и рекетар никој досега ништо нема дискутирано и прашање на време е дали воопшто тој ќе биде тема на дневниот ред на Советот за Радиодифузија на Србија.
Горан Караџиќ, кој е заменик претседател на советот за радиодифузија, вели дека за „случајот Кристијан“ ќе се дискутира на првата наредна седница и напоменува дека телевизиите би можеле да бидат казнети со забрана за емитување во траење од 30 дена.
-Морално прашање е дали на таков начин можат да се промовираат луѓе за кои прецепцијата на јавноста кажува дека се криминалци, кажува Горан Караџиќ.
Независното здружение на новинари на Србија предупредува за „зачестените програмски содржини кои пропагираат поединци со богато криминално досие“, а во соопштението стои дека е загрижувачки контекстот во кој на публиката им се претставуваат личностите како Кристијан Голубовиќ.
За социологот Оливера Павиќевиќ, случајот на Кристијан Голубовиќ е пример за промовирање на темниот витез.
-Голубовиќ стана естрадна личност и во медиумите се појавува како сензационалистичко-уметничка творба. На таквиот вид на содржини главна цел им е гледаноста, истакнува Павиќевиќ.
Таа предупредува дека Голубовиќ е претставник на заводливата, темна страна од криминалот, која е популарна кај младите.
-Секогаш постои магнетизам на мрачните херои кои им се привлечни на луѓето. Тогаш се бира помеќу конвенционалните и подземните вредности. Таквиот вид на антихерои може да влијае врз малолетниците; и на момчињата, но и на девојките, објаснува Павиќевиќ.
Професорот и криминолог Добривоје Радовановиќ објаснува дека дилерите на дрога можат да имаат пристап во медиумите само ако покајнички се изразуваат и ако од свое лично искуство им објаснуваат на младите да не навлегуваат во матни води. Луѓето од деведесеттите години повторно стануваат јунаци, што никако не може да биде добро.За појавувањето на дилерот на дрога, крадецот на ташни од бабите, крадецот на автомобили и рекетар никој досега ништо нема дискутирано и прашање на



