Досие Темел- Досие ВМРО- Соработници со службите а денес истите сакаат да ја рушат легитинмо избраната влада

Во досието кое во 1995 го отворил Фрчковски, а го продолжиле неговите наследници, од утро до вечер биле следени научници, уметници, културни работници, свештени лица и политичари, кои во средината на деведесеттите години влегувале и излегувале од Централата на ВМРО-ДПМНЕ. Документите од досието денес ги нема во собраниската архива. Ги нема ни во Државниот архив каде што се чуваат сите минати документи од државните органи. 
Во досието кое во 1995 го отворил Фрчковски, а го продолжиле неговите наследници, од утро до вечер биле следени научници, уметници, културни работници, свештени лица и политичари, кои во средината на деведесеттите години влегувале и излегувале од Централата на ВМРО-ДПМНЕ. Документите од досието денес ги нема во собраниската архива. Ги нема ни во Државниот архив каде што се чуваат сите минати документи од државните органи. Се претпоставува дека досието водено за ВМРО-ДПМНЕ исчезнало пред десетина години во периодот од 2002 до 2006 годинаОБЕЛОДЕНЕТО ДОСИЕТО “ТЕМЕЛ” ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ДЕВЕДЕСЕТТИТЕ ГОДИНИПремиерот на првата независна влада во Република Македонија, Никола Кљусев, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, Доста Димовска, пратеникот Александар Флоровски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ Борис Змејковски, поранешниот претседател на Собранието Љубиша Георгиевски, владиката Петар се само дел од имињата кои биле жртви на наредбите за следење кои во периодот до 1998 година ги давале Љубомир Фрчковски и Томислав Чокревски. На повеќе од илјада страници директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски, го презентираше досието Темел” водено за ВМРО-ДПМНЕ. Во досието кое во 1995 го отворил Фрчковски, а го продолжиле неговите наследници, од утро до вечер биле следени научници, уметници, културни работници, свештени лица и политичари, кои во средината на деведесеттите години влегувале и излегувале од Централата на ВМРО-ДПМНЕ.Во 2001 година партијата преку тогашниот пратеник Филип Петровски користејќи ја законската можност, побарала да се изврши увид дали за нивните членови и симпатизери се водела евиденција од тајните служби. По позитивниот одговор, ВМРО-ДПМНЕ материјалите од досието ги доставило во Собранието на расправа на Собраниската комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. И оттогаш се губи секаков траг на Темелот”. Денес ги нема во собраниската архива. Ги нема ни во Државниот архив, каде што се чуваат сите минати документи од државните органи.Се претпоставува дека досието водено за ВМРО-ДПМНЕ исчезнало пред десетина години во периодот од 2002 до 2006 година. До ден денес никој не знае што се случило со документите. Според директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски, тоа што документите исчезнале, и од Собранието така и од Државниот архив, значи дека директно од Кабинетот на тогашниот министер Љубомир Фрчковски се издавале наредби за следење.- Го фотографираа и го запишуваа секој којшто влегува и излегува. Не се работи само за членови, туку се следени сите, културни работници, политичари. Кај нас досиејата не се водеа само до 1991 година, значи од страна на тогашната еднопартиска комунистичка власт, тие досиеја продолжија да се водат и по 1991 година во една демократска, самостојна и независна Република Македонија. Докази за водењето на таквите досиеја имаме многу во Државниот архив. Има такви прекршувања на слободите и правата не само на граѓаните, туку и на легално пројавените партии во Република Македонија, рече Тодоровски.Досието “Темел” од приватна архива го има само поранешниот пратеник Филип Петровски, кој исто така бил жртва на тогашните методи за политичките неистомисленици. Според неговите документи партијата е следена 24 часа и е бележана буквално секоја нејзина активност и секој којшто влегувал во нејзиното седиште.- Ова покажува дека сега луѓето кои сакаат да се претстават како жртви, вриштат од процесот на лустрација, не се жртви, а биле длабоко инволвирани во овој процес и по прогласување на независна и демократска Македонија. Тука сум да им кажам дека постои различно мислење, барем дел од луѓето во ова општество знаат што е правено и дека одредени акции коишто се направени веројатно во периодот од 2002 до 2006 се незаконити и, според мое мислење, треба да инволвираат државни органи и да се покрене истрага да се најде каде исчезнале тие документи, а се со цел овој процес да добие своја историска завршница, рече Петровски.Иако во Собранието нема никаков траг за документите од Темел”, тие се заведени во Архивите на Собранието, под архивските броеви 265/2 на 19 јануари 2001, 07-18/2 од 26 март истата година и 15-589/2 од 19 февруари. Мал дел од документите има и во ДБК и во МВР.Љубомир Фрчковски од Комисијата за лустрација неодамна беше прогласен за наредбодавател. Документите се потпишувани во периодот меѓу 1992 и 1995 година кога Фрчковски беше министер, и покрај тоа што Македонија во тој период имала демократски устав. Фрчковски добивал информации од тајната служба или за кои потпишал решенија за следење било речиси целото тогашно партиско раководство на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
  
Во досието кое во 1995 го отворил Фрчковски, а го продолжиле неговите наследници, од утро до вечер биле следени научници, уметници,

Пронајдете не на следниве мрежи: