Досиејата на ЦИА откриваат како Буш реагирал на рушењето на „близначките“

ЦИА за јавноста отвори дел од тајните досиеја во кои можат да се најдат многу пикантерии со кои се занимавале известувачите. Меѓу нив е она со насловот „11 септември 2001. Со претседателот“ кое опишува  како изгледал работниот ден на Џорџ Буш на тој кобен ден.Како што пишува Dailu Mail, само 30 минути откако првиот авион удрил во зградата на трговскиот центар, Буш читал весник.  Му се приближил  заменикот на директорот на ЦИА Мајкл Морел, А Буш го прашал „има ли нешто интересно денес?“ Буш и персоналот биле на службено патување во Флорида. Претседателот го прашувал персоналот дали добро спиеле и дали ги слушнале брановите од морето. Само неколку минути потоа следеле случувањата кои ќе го направат тој ден најтрагичен во мандатот на Буш, но и во поновата американска историја.
Во моментите додека горела првата зграда од светскиот трговски центар, претседателот се возел кон основното училиште Букер во Сарасота. На мобилниот телефон го побарал адвокатот на Белата куќа и му ја соопштил веста.
„Буш се сврте кон мене и ме праша: Мајкал знаеш ли ти нешто за тоа? Му реков дека не знам и додадов дека се надевам дека се работи за несреќен случај, а не за тероризам“, раскажува Морел.
Додека Буш седел во одделението со првачињата, Морел му се приближил и го известил и за вториот напад. Тогаш станало јасно дека терористи ги нападнале САД. Лицето на Буш се заледило.

„Тивко  гледаше во празно неколку минути, тоа беше неудобно чувство“, рекол Морел. Потоа сиот персонал тргнал кон авионот на претседателот и детално го пребарале  во страв и тој да не е мета на напади. За време на летот кон Луизијана сите биле загрижени и во шок. Морел тврди дека претседателот бил цврст.
„Ме праша кој можел да го стори тоа. Му одговорив дека зад нападите најверојатно стои Осама бин Ладен и Ал Каеда“, навел Морел.
Како што пишува Dailu Mail, само 30 минути откако првиот авион удрил во зградата на трговскиот центар, Буш читал весник.  Му се приближил &nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: