Досието на Филип Петровски го лустрира Томислав Чокревски!

Уште еден поранешен министер за внатрешни работи е лустриран од Комисијата за верификација на фактите. По Љубомир Фрчкоски, денеска е лустриран Томислав Чокревски, професор во пензија и министер за внатрешни работи во владата на СДСМ од 1995-1998 година.Лустрациската комисија денеска го разгледуваше досието „Темел” и го прогласи Томислав Чокревски за овој случај. Во досието „Темел”, кое беше објавено и на социјалните мрежи, главно следени биле членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што дознаваме, досието „Темел” неодамна на Комисијата за верификација на фактите го предаде Филип Петровски.
Освен Чокревски, лустрирани се уште 11 лица вклучени во акцијата за следење „Темел” од 1997 од студентските протести, па се до октомври 1998 до промена на власта. Тие ја злоупотребиле функцијата и незаконски го следеле врвот на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, велат од Комисијата, која едногласно, со исклучок на Чедомир Дамјановски, гласала дека „Темел” било досие отворено од идеолошки причини.
За Дамјановски нема основ за лустрација на Чокревски затоа што следењето не било од политички побуди, туку од безбедносни причини.
Извор: mkd-news.comЛустрациската комисија денеска го разгледуваше досието „Темел” и го прогласи Томислав Чокревски за овој случај. Во досието „Темел

Пронајдете не на следниве мрежи: