Информација за сите трендсетери и оние кои така се чувствуваат: метросексуалците веќе не се во мода, од неодамна ги потиснаа лумберсексуалците или „урбаните дрвосечачи“ чиј заштитен знак е брада од неколку дена, залижана коса, чизми или кондури марка Тимберленд, ранец и обавезно карирана кошула, по можност од што погруб материјал.Вработен е во секторот за нови технологии, заработува повеќе од пристојна плата и покрај тоа што ги презира метросексуалците, лумберсексуалецот со својот „опасен“ изглед се труди да остави впечаток на околината.
За момент ќе помислите дека штотуку дошол од шума и дека во секој момент од ранецот ќе извади секира, а тесните дизајнирани фармерки ги замениле со широки.
Но се лажете, тој и тоа како се грижи за својот изглед, негувајќи ја брадата од неколку дена.
Иако на прв поглед не се чини, типот на маж со „урбан дрвосечач“ троши многу време и пари на гардероба и на козметика, иако сите веруваат дека штотуку стигнал од прошетка и дека не се грижи за својот изглед.
Има истенчен вкус за културните случувања, а во потрага по природното и органското и ја цени домашната кујна.
Преферира да оди на кампување, отколку на шопинг.
Лумберсексуалците го собрале најдоброто од мачо мажите и метросексуалците.
Познавачите тврдат дека тие веќе ги преплавиле улиците на светските градови, од Њујорк, преку Лондон до Париз.
Холивудските лумберсексуалци како Рајан Гослинг, Ерик Кантон и Џерард Батлер, ги потиснале метросексуалците како Дејвид Бекам.
Што мислат жените за новиот тренд?
Можеби по времето на метросексуалците им било потребно токму ова бидејќи лумберсексуалците, според женските списанија, меѓу нив се се попопуларни.
Сепак, треба да се има на ум дека со запуштените бради, карираните кошули и дивиот изглед сигурно ќе имаат успех кај спротивниот по се додека не почнат да мирисаат како вистински дрвосечачи по напорната работа.Вработен е во секторот за нови технологии, заработува повеќе од пристојна плата и покрај тоа што ги презира метросексуалците, лумберсексуалецот со



