Џовинко: Не разбирам зошто ме критикувате…

Играчот на екипата на Јувентус, младиот Џовинко изјави дека не му е јасно зошто навивачите на овој тим се незадоволни од него.
Минатото лето Џовинко се врати во Јувентус од Парма, одигра вкупно 33 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања, постигна 11 погодоци.
Сепак, и покрај тоа, навивачите со свирежи го „поздравуваат“ овој играч, а сето тоа го изнервира и тренерот на Јувентус, Антонио Конте, на последниот натпревар против Сиена.
Џовинко не се радуваше на постигнатиот погодок против Сиена.
„Кога ќе ги погледнам бројките, не разбирам зошто ми свират, но што да правам…“ изјави Џовинко.
„Морам да продолжам понатаму, ова е мојот дрес, не сакам да си заминам, не се гледам себе си во некој друг клуб“ додаде Џовинко.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Играчот на екипата на Јувентус, младиот Џовинко изјави дека не му е јасно зошто навивачите на овој тим се незадоволни

Пронајдете не на следниве мрежи: