Dow Jones достигна рекордно ниво

Берлинскиот индекс Dow Jones во вторникот на Волстрит достигна рекордно ниво во историјата, што се должи на јакнењето на американската економија и уверувањето на инвеститорите дека Фед и натаму ќе води политика на евтини пари.

Dow Jones  зајакна за 0,89 отсто, на 14.253 поени, додека S&P 500 порасна за 0,96 отсто, а  Nasdaq беше во плус 1,32 отсто, на 3.224 поени.Благодарение на показателите за јакнење на американската економија и лабавата политика на Фед, оваа година Dow Jones порасна за речиси девет отсто, пробивајќи го вчера рекордното ниво достигнато во октомври 2007 година, пред избувнувањето на финансиската криза. За време на финансиската криза, која повлече во стечај неколку американски банки, берзанските индекси остро паднаа. Сега, по пет и пол години, Dow Jones ги надокнади сите загуби.Вчера пораснаа цените на акциите во сите 10 сектори на S&P 500 индексот, бидејќи инвеститорите ги охрабри податокот на институтот за менаџери за набавка а раст на активностите во услужниот сектор во февруари по највисока стапка во изминатата година.Освен јакнење на економијата,ветер во грб на берзите им дава уверувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе продолжи да води лабава монетарна политика за да поттикне вработување и да го забрза растот на БДП-то.Поради тоа во втор план падна автоматското намалување на буџетскиот расход во САД, вредно 85 милијарди долари, кое би можело да и наштети на економијата.И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE порасна за 1,36 отсто на 6.431 поен, франкфуртски DAX  скокна за 2,32 отсто на 7.870 поени, додека париски CAC беше во плус за 2,32 отсто и изнесуваше 3.787 поени.
Макфакс
Берлинскиот индекс Dow Jones во вторникот на Волстрит достигна рекордно ниво во историјата, шт

Пронајдете не на следниве мрежи: