Дознајте кога за прв пат беа носени броеви на дресовите!

Поминаа 82 години од денот кога за прв пат се носени броеви на дресовите. Дали знаете за кој натпревар станува збор и кои фудбалски клубови играле еден против друг?Кога денес би гледале натпревар во кој играчите немаат броеви на дресовите, би настанало вистинско лудило, а најтешката работа би ја имале коментаторите. Иако, посебно во пониските фудбалски лиги и понатаму на дресовите нема презимиња на играчите, замислете како би изгледало кога би постоела потполна празнина?
За почеток, ќе спомнеме дека сѐ започнало во Англија.
1933 година беше посебна за фудбалската сцена на Островите. Од финалето на ФА купот сѐ се сменило. Имено, на 29. април, Евертон и Манчестер Сити се бореле за трофејот на Националниот куп на Англија, инаку најстарото фудбалско натпреварување во светот!
Освен рутинската победа на „Карамелите“, финалето ќе остане запаметено по тоа што тогаш за прв пат биле носени дресови со броеви на грбот!
Играчите на Евертон носеле броеви од 1 до 11, а фудбалерите на Сити од 12 до 22.
Иако ФА Купот за прв пат се одржа во 1871 година, до ваквото „чудо“ морале да поминат повеќе од шест децении.
Евертон тогаш убедливо славеше против Манчестер Сити со резултат 3:0 и го освои Купот. Натпреварот се одигра на познатиот Вембли, а головите за „Карамелите“ ги постигнаа Џејмс „Џими“ Стејн, Дикси Дин и Џејмс Дан. Евертон тогаш за прв пат го освои Купот од 1906 година. Тоа беше 62. финале, а 11. кое се одржува на легендарниот стадион.
Англичаните и денес знаат кој е нивниот фудбалер кој го носел дресот со број „9“ – Дикси Дин.

The significance of a first in an FA Cup Final…. 1933 Everton v Manchester City pic.twitter.com/z08NDb7I4Z
— NatFbShirtCollection (@ShirtCollection) May 10, 2015
Кога денес би гледале натпревар во кој играчите немаат броеви на дресовите, би настанало вистинско лудило, а најтешката работа би ја имале коментат

Пронајдете не на следниве мрежи: