ДПМ ќе ги соопшти најуспешните остварувања од издавачката продукција

Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги соопшти добитниците на наградите за најуспешни остварувања од издавачката продукција во минатата година.Ќе бидат соопштени добитниците во категориите „Стале Попов“ за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“, за најдобра поетска книга,  „Димитар Митрев“, за најдобра книга критики и есеи, „Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца, и наградата „Книжевен мост“, за најдобра книга објавена на јазиците на националностите во Република Македонија.
Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на 12 февруари, на Свечениот собир по повод 69-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија.
За доделување на годишните награди на ДПМ  решаваа пет жири комисии составени од академици, универзитетски професори, критичари, есеисти и автори од сите жанрови, и тоа: Милан Ѓурчинов, Оливера Ќорвезироска, Димитар Пандев, Стојан Тарапуза, Кристина Николовска, Жарко Кујунџиски, Јелена Лужина, Ресул Шабани,  Иван Чаповски, Маја Јакимовска Тошиќ, Мито Спасевски, Бранко Цветкоски, Делвина Керлуку, Кочо Топузоски и Блаже Минески.Ќе бидат соопштени добитниците во категориите „Стале Попов“ за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“, за најдобра поетска книг

Пронајдете не на следниве мрежи: