Драчевецот Александар Трајковски „ХЕРОЈ“ на Македонија на дуелот со Велс!!!

Александар Трајковски стрелаше за победа на Македонската фудбалска репрезентација на мечот против селекцијата на Велс.Македонската репрезентација прва поведе преку Иван Тричковски кој искористи „отпадок“ во противничкиот шеснаесетник.
Во 39-тата минута Ремзи од пенал израмни на 1-1, па тоа беше и конечниот исход по првиот дел.
Во второто полувреме од мечот, се играше офанзивно на обете страни, па и двете селекции, на моменти ризично и премногу офанзивно тргнаа кон целта да постигнат водечки погодок.
Тоа на наша среќа не им успеа на гостите, па ни успеа нам, во 80-тата минута младиот Александар Трајковски, кој влезе како „џокер“ од клупата на местото на Ибраими, стрелаше за голема победа на нашата селекција над селекцијата на Велс.
За одбележување е секако дека на овој меч шанса за настап не доби Герет Бејл, новото засилување на Реал Мадрид, кој остана на клупата кај гостинската селекција се до крајот на натпреварот.
Следниот натпревар го играме исто така на домашен терен, на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје против селекцијата на Шкотска, со почеток од 20,30 часот.
Македонската фудбалска репрезентација има мошне изгледни шанси да направи одличен успех со тоа што би го освоила третото место во мошне силната квалификациска група „А“ покрај селекции како Белгија, Хрватска, Србија, Шкотска и секако Велс.Македонската репрезентација прва поведе преку Иван Тричковски кој искористи „отпадок“ во противничкиот шес

Пронајдете не на следниве мрежи: