Драги дами, и тој одлучи да се смири: Батлер се жени?!

Актерот Жерард Батлер ги крши женските срца ширум светот, но изгледа дека му здодеало, па одлучил дефинитивно да се смири покрај сегашната девојка.Како што се шушка, Батлер одлучил да се смири покрај својата девојка Морган Браун, со која се гледа од минатото лето, а од неодамна живеат заедно.
Таа самата ги поттикнала гласините околу веридбата, по што за време на прошетка во Мелбурн била фатена со голем дијамантски прстен на левата рака, за кој се претпоставува дека е веренички.

Морган има 38 години и е поранешна манекенка.
„Батлер сега има само една желба во својот живот. Живеат заедно и секако дека зборуваат за брак“, открил непознат извор.Како што се шушка, Батлер одлучил да се смири покрај својата девојка Морган Браун, со која се гледа од минатото лето, а од неодамна живеат заедно.

Пронајдете не на следниве мрежи: