Пејачот од Лексингтон бенд, Бојан Васковиќ, пред два месеци стана татко. Неговата сопруга роди девојче во шестиот месец од бременоста. Поради предвременото пораѓање, пејачот преживеал вистинска драма и бебето е сместено во инкубатор од каде треба да излезе кон средината на декември.Со оглед на тоа дека Александра се породила пред време, новопечените родители се грижат за здравјето на нивната ќеркичка.
„Сопругата се породи пред два месеци. Не сакав со тоа јавно да се пофалам, со оглед на тоа дека бебето е во инкубатор. Кога децата се раѓаат пред време, постојат одредени ризици и треба да помине некое време за човек да може да повлече чекор, да воздивне и да прифати дека сѐ е во ред. Веста за тоа дека станав татко не ја криев, ниту имав таква намера. Само сакав моето дете да го сочувам од некои шпекулации“, изјави пејачот за српските медиуми.
„Сопругата е добро. Заедно сме во борбата и се поддржуваме. Александра и јас веруваме дека на крај сѐ ќе биде добро. Ѝ дадовме име на ќерката, но нема да го откријам, има различни луѓе“, призна Бојан.Со оглед на тоа дека Александра се породила пред време, новопечените родители се грижат за здравјето на нивната ќеркичка.
„Сопругата



