Драмски театар со пет нови претстави годинава

На конкурсот за Годишна програма на националните установи, која на веб-страницата деновиве ја објави Министерството за култура, Драмски театар-Скопје за годинава конкурираше со шест претстави, од кои одобрени се пет.
 Тоа се „Смртта на Дантон“ на Георг Бихнер, во режија на Иван Манасковски, „Вера, љубов, надеж“ на Еден фон Хорват, во режија на Лука Кортина, „Атена со пенис“ на Александар Русјаков, во режија на Синиша Евтимов, „Љубовта на Федра“ на Сара Кејн, во режија на Оливер Фрљиќ и „Неподносливо долги прегратки“ на Иван Александрович Вирипаев, а во режија на Галин Стоев.
– Во репертоарот на НУ Драмски театар-Скопје за 2017 година запазена е интенцијата на Театарот секоја година да поставува драмски текстови од домашни автори, како и да даде шанса и да промовира млади и талентирани режисери. Проверените и докажани режисерски имиња од странство кои треба да режираат на сцената на Драмски театар-Скопје е само потврда на заложбите на Театарот за отворен проток на идеи и за промоција на современите европски трендови на сцената на Театарот, се вели во соопштението од Драмски театар-Скопје.
Оттаму потсетуваат дека на конкурсот за Годишна програма на националните установи Драмски театар-Скопје во 2016 година конкурирале со девет претстави, а одобрени биле шест. Последната претстава е во фаза на реализација и се очекува да биде готова кон средината на февруари.
Одобрени биле и издание на „Театарски гласник“, кој во моментов е во печат и монографијата „70 години НУ Драмски театар-Скопје, која е во завршна фаза на изработка. Одобрена и реализирана е мини балканска турнеја во Сараево, Загреб и Белград со претставата „Генетика на кучињата“ од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски.
Во 2016 година Драмски театар-Скопје одиграл 203 претстави, кои ги погледнале 36.272 гледачи.Тоа се „Смртта на Дантон“ на Георг Бихнер, во режија на Иван Манасковски, „Вера, љубов, надеж“ на Еден фон Хорват

Пронајдете не на следниве мрежи: