Друмски измамници ОГРАБУВААТ туристи на грчките автопатишта!

Доколку патувате во Грција бидете многу внимателни, бидејки многу често се случува да ве стопираат измамници. Ако некое возило со странски таблици ви блендира и мавта од прозорец никако не застанувајте.-„Ова ни се случи и нам, раскажуваа дека биле на одмор, па останале без гориво и пари, а во автомобилот има мали деца, внимавајте има многу измамници!“
Ваков статус осамна на социјалните мрежи вчера како предупредување до сите кои имаат план да летуваат во Грција. Сепак, ова е само едно од многубројните сведоштва за друмски измамници на патиштата кон јужниот сосед и дека оваа појава добива прилично сериозни размери.
Нивниот радиус на движење се претежно автопатиштата, а најчесто може да се видат во автомобили со црна или сива боја, а станува збор за претежно романски и бугарски разбојници, кои глумат турски државјани.
Вакви случки се забележани и на патот Солун – Евзони, како и на дел од патот кај Асправалта.
Ова се најчестите методи со кои се служат разбојниците за да ги измамат или ограбат туристите:
-Ги сопираат возилата на жртвите сигнализирајќи им и мавтајќи им со раце од автомобил со украдени таблички.
-Бараат пари глумејќи Турци што останале без пари или со блокирани картички.
-Во замена за пари нудат лажно злато.
-Возат паралелно со автомобилот на жртвите и низ прозорец им укажуваат на дефект.
-Кога жртвата ќе го сопре возилото, приоѓаат и нудат помош.
-Од задното седиште излегуваат уште двајца скриени разбојници кои го ограбуваат возилото на жртвата.
Како да се заштитите?
Внимателно застанувајте на патиштата и само во случај на потреба. Доколку некој ви се приближи до возило во мирување, не отворајте ги прозорите додека не се уверите кој и зошто ви пришол. Никако не давајте пари на непознати. Никако не кажувајте на никого колку пари имате во возилото.
Доколку постои потреба за застанување, застанете исклучиво на осветлени делови од патот, најдобро на пумпи каде постојат камери и има луѓе. Доколку цивилно лице се обиде да ве застане за време на возењето, не застанувајте.
Доколку сретнете друмски измамници, повикајте ја грчката полиција и пријавете на бројот 100 или бројот за итни случаи 112.-„Ова ни се случи и нам, раскажуваа дека биле на одмор, па останале без гориво и пари, а во автомобилот има мали деца, внимавајте има многу и

Пронајдете не на следниве мрежи: