Дружење со Даниел Кајмакоски, креативни катчиња, попусти и супер понуди во Skopje City Mall за успешен старт на новата учебна година

Повеќе од 20 детски продавници формираа големи попусти и промоции по повод новата учебна година. На секој агол се поставени и едукативни катчиња и креативни работилици за најмладите да се забавуваат. Промовирана е и уметничката изложба на децата кои беа членови на Летниот Камп на игротеката Имагинариум. Во текот на целиот викенд се одвиваат многу акции и активности, но дополнителна радост и среќа за децата претставува закажаната дружба за 1 септември, со момчето кое со првото појавување на Х Фактор ги плени срцата на сите Македонци, особено оние детските – Даниел Кајмакоски.Деновиве кои изминаа и кои секој родител ги користи за подготовка на своето дете за првиот училишен ден, Скопје Сити Мол го направија да изгледа како епицентар на сите забавни случувања за најмалите.
Креативни работилници за развој на умствените вештини, едукативни работилници со логички игри, работилници со ликови од детки книги и филмови, како и промоција на уметничките дела од децата кои беа дел од летниот камп на игротеката Имагинариум се само дел од активностите предвидени за најмладите. За сите родители, интересен е фактот дека во продавниците во молот е претставена и голема понуда на училишни материјали, прибор, ранци, книги, но и најнова модерна технологија за најмалите по супер намалени цени и промоции.
Дополнително изненадување, покрај сите овие активности, претставува и закажаната дружба со момчето со најголем Х Фактор во себе – Даниел Кајмакоски. Истата е закажана за утре – Понеделник 01.09.2014 година, со почеток во 18:00 часот, во просториите на Скопје Сити Мол.
Скопје Сити Мол ги кани сите деца и родители да бидат дел од ова дружење и да добијат распоред на часови потпишан од Даниел Кајмакоски, за заеднички да им посакаме среќа и успех во новата учебна година.Деновиве кои изминаа и кои секој родител ги користи за подготовка на своето дете за првиот училишен ден, Скопје Сити Мол го направија да изгледа ка

Пронајдете не на следниве мрежи: