Државен архив на РМ од страна на кодошите и поткажувачите

Според информации со кои располага ПУЛС24 во Државниот архив на РМ е извршено целосно отстранување на сите кои се „неподобни“ за новиот режим. Секој кој на било кој начин не се вклопувал во „визијата“ за послушник или пак се сомневало дека не е член на СДС е отстранет.Во само еден ден се отстранети над дваесетина раководители кои не му се допаѓале на новиот директор кој беше незаконски назначен во време кога претходниот беше на одмор…
Имено, поткажувачите кои што се наметнаа кај новиот директор со улижување, а претходно се портретираа себе си како блиски до ВМРО, му дале листа на новиот директор кој се треба да биде отстранет. И листата е поголема. Преживеале само оние кои се заколнале на партиска верност и најавиле дека ќе извадат книшки на СДС.
За овој погром на над дваесет раководители кои имаат само еден грев, не се членови на СДС, да биде можен е најден крт од внатре. Истиот испорачал се, целосна листа, имиња и можни казни. Тој е всушност „прикачен“ на новиот директор во сенка. Бидејќи (не)кадарот на Оровчанец и не бил многу заинтересиран за да го води Архивот туку само сакал одредено време да си поужива. Поради тоа не се меша многу во работите, оди кратко време на работа, си ужива во репрезентацијата и вискито и смирновот во кабинетот. И така и така зборел дека е пред пензија па нема што многу многу да се замара со вработените. На големо се зборува дека изјавил како се чуди колку вравотените сакале да му се умилкуваат (правиот збор од култура не го употребивме). 
Па затоа работата е препуштена на кадарот од СДС кој е довлечкан од градскиот архив, кој има за задача, заедно со КРТОТ кој е „наводен“ вмровец да ги измалтретира сите што не се послушници или за кои се сомневаат дека не се подобни. 
Приказни се ројат за тоа каква се тортура овој, исто така пред пензија ОПЕРАТИВЕЦ на СДС прави на сите вработени во Архивот. Се разбира ние ќе ви ги пренесеме сите без исклучок во наредниот период. 
ВО меѓувреме постигнат е успех во ДАРМ. Никаков проект нема на повидок и институцијата е потоната во сивилото кое го наметнува како пракса новата насила поставена владеачка гарнитура.Во само еден ден се отстранети над дваесетина раководители кои не му се допаѓале на новиот директор кој беше незаконск

Пронајдете не на следниве мрежи: