„Државникот со човечки особини“ ја совладал школата на “државникот“

Loading...

Уште пред официјалниот стар на кампањата, претседателскиот кандидат од СДСМ  два пати е фатен како не ја говори вистината, со неговото негирање дека воопшто е контактиран за претседателските избори. Стево Пендаровски синоќа со 588 гласа под директен налог на Бранко Црвенковски беше протуркан за кандидат за претседател на најголемата опозициска партија.Пендаровски, кој пред само неколку дена тврдеше дека воопшто никој не го прашал дали сака да биде претседателски кандидат, а другиот ден самиот обзнани дека ќе биде кандидат за претседател од СДСМ, вчера без ниту еден глас против, без можност за тајно гласање и без можност за противкандидати во целосно затворена и недемократска постапка беше избран за претседателски адут на социјалдемократите.
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски смета дека една партија ако сака да промовира демократија во државата, тоа прво треба да го направи во сопствените редови.
-Не може некој да се залага за демократија, ако само неколку луѓе во врвот на партијата одлучуваат кој ќе биде нивниот претставник, без разлика што станува збор за кандидат за претседател. Ние можеме да претпоставиме дека истото ќе се случи и со изборот на пратеници, при составувањето на самите пратенички листи. Тоа значи дека пак само неколку луѓе ќе одлучуваат кој ќе биде ставен на тие листи. Со самото тоа, прво се покажува многу низок степен на демократија во самата партија, што е штетно за самата партија. Неможе после некој да се залага за демократија ако “кај него дома, во сопствениот двор“, нема демократија. Со ова има исклучителна демотивација кај членството да се ангажира за таа партија. Постојано, само неколку луѓе одлучуваат за тоа кој треба да добие функција и да се промовира, а кој не, без притоа да се земат предвид ангажманите на тие луѓе, а да не се земе предвид и желбата на пошироката партиска база, тогаш едноставно имаме една силна демотивација на членството и со тоа се намалув а и самиот капацитет на партијата да постигне некои посериозни резултати. И тоа е една од причините зошто СДСМ осум години е во опозиција, вели Божиновски.
Тој додава дека внатрепартиската демократија и правото на избор е основа за самите демократски процеси за кои се залагаат партиите. Аналитичарот Ивица Боцевски смета дека аркански, мрачни и недемократски се внатрепартиските процедури во оваа партија
 
– Ние немаме никакви информации за составот на делегатите кои го бираа кандидатот на СДСМ и немаме информации кои биле останатите имиња во трка за претседателската номинација на СДСМ. Аркански, мрачни и недемократски се внатрепартиските процедури во оваа партија, а тоа е сигурен знак дека постојат центри на моќ вон партијата кои влијаат врз насоките на делување и кандидатите за функции на оваа партија, смета Боцевски.

Кампањата уште незапочната, манипулациите на виделина
Кампањата уште незапочната, а манипулациите на Пендаровски и неговиот тим излегуваат на виделина. Денеска на Фејсбук може да се забележи голема реклама од Стево Пендаровски, а на банерот покрај Пендаровски, се наоѓаат уште неколку млади лица.
Очигледен е фактот дека Стево Пендаровски оваа фотосесија ја има направено многу пред неговата синоќешна официјална промоција, бидејќи тоа е невозможно да се направи од вчера за денес, односно тој многу порано знаел дека ќе биде кандидат на СДСМ, иако ја замајуваше јавноста дека немал било какви контакти со СДСМ. Додека Пендаровски од една страна го тврдеше ова, во истиот момент на големо се подготвувал за кампањата, што потврдува и денешната реклама на најпопуларната социјална мрежа.
Аналитичарот Ивица Боцевски смета дека  СДСМ имаше премногу сериозен проблем со својата номинација за претседател на државата.
-Откако беше осуетен обидот за бојкот на вториот круг што срамежливо го најавуваа некои општественици блиски до партијата, тие се најдоа во небрано. Имено, ним им се нудеа оние кандидати кои секому се нудат и чија што поддршка ќе беше очигледен знак дека тие се откажале од активна трка. Излегувањето со партиски кандидат беше проблематично затоа што ниту еден прекален партиски војник не сакал да биде жртвуван (тука, пред се, зборувам за Црвенковски, Шекеринска и Митрева), така што тие повторно излегуваа со сценариото од минатите избори и предлагаат кандидат кој е дел од таканареченото интелектуално крило на СДСМ, но без претходен длабок политички стаж, вели Боцевски.
„Државникот со човечки особини“ ја совладал школата на “државникот“
Стево Пендаровски веќе два пати е фатен како не ја говори вистината, а кампањата се уште е незапочната. Очигледно, “човекот со државнички манири и државник со човечки особини“, според зборовите на Заев, добро ја совладал школата на “државникот“ Бранко Црвенковски, под чиј налог и Пендаровски беше избран за претседателски кандидат.
Исто како и Црвенковски во 2004 година, кога само седум дена пред да биде објавен кандидатот на СДСМ за претседател јавно кажа дека нема намера да се кандидира, а потоа се кандидираше, Пендаровски чекори по истите стапки на својот ментор. И Пендаровски само неколку дена пред конгресот излезе со изјава дека никој не го прашал дали сака да биде кандидат претседател, а вчера без противкандидати и без ниту еден глас против, СДСМ го избра токму него.
-За разлика од Фрчкоски, кој сепак беше дел и од раководството и од владиниот тим на СДСМ во 1990-тите, ова за Стево Пендаровски е прв активен и непосреден партиски ангажман, па тој ќе мора на јавноста да и се претстави во ново светло. Исто така, ние сме навикнати него да го гледаме во едно друго светло, како бирократ кој е во длабока сенка на активниот политичар, па сега ќе биде интересно како и дали тој ќе ја направи својата транзиција кон политичар. Покрај тоа, имајќи предвид дека доаѓа од СДСМ и од академската сфера, тој ќе мора да вложи многу напор да ја симне ароганцијата и презирот кон обичниот граѓанин кои што зрачат од оваа партија, а посебно од претставниците на нејзиното таканаречено интелектуално крило кому тој одамна му припаѓа, вели Боцевски.
Тој додава дека има неколку сериозни забелешки околу демократскиот потенцијал на СДСМ. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ јавно ја објави листата на делегатите кои го бираат нивниот кандидат за претседател на својата веб-страница, заедно со детаљи за тоа кои партиски тела ги номинираат, па јавноста со тоа доби увид и во внатрешното функционирање на оваа партија.Пендаровски, кој пред само неколку дена тврдеше дека воопшто никој не го прашал дали сака да биде претседателски кандидат, а другиот ден самиот обз

loading...
Loading...