Државниот архив на РМ го претстави новиот „Патриотски календар 2017“

Пораката која ја праќа календарот на Државниот архив на Република Македонија се содржи во мислата на Шелинг, претставена на почетната страна. „Физичките настани можат еден народ материјално да го разорат, но не можат да му го одземат неговото предание, неговото сеќавање и целото негово минато“.Државниот архив на Република Македонија и за оваа 2017 година подготви патриотски календар, кој нѐ потсетува на нашето револуционерно минато. Војводите: Александар Турунџев, Митре Влаот, Донка Ушлинова, Ѓорѓи Сугарев и Христо Узунов, Тодор Александров, Јордан Пиперката, Васил Чакаларов, Питу Гули, Андон Ќосето, браќата Тасе, Цветко и Дојчин Христови, Борис Сарафов и Петар Чаулев, се распоредени соодветно по месеци, а како на минатогодишниот, така и на овој се одбележани важни датуми и настани поврзани со Македонската револуционерна организација и нејзините дејци.
Државниот архив на Република Македонија и за оваа 2017 година подготви патриотски календар, кој нѐ потсетува на нашето револуционерно минато.

Пронајдете не на следниве мрежи: