Џудо Клуб „ДРИМ“ Струга со освоени 11 медали „РАСТУРИ“ во Приштина

На 17.11.2013г. во Приштина Косово ЏК “ДРИМ” Струга учествуваше на меѓународниот натпревар “Адем Јашари”Во конкуренција од 300 џудисти од Косово, Црна Гора, БиХ, Албанија, Хрватска, Романија и Македонија, џудистите од ЏК “ДРИМ” Струга освоија 11 медали од кои 4 златни, 4 сребрени и 3 бронзени.
Со медали се закитија:
I-Место: 1. Марко Донески -22кг. полетарци 2. Михаил Касниоски -25кг. полетарци 3. Кристијан Глигороски -46кг. полетарци 4. Никола Шипинкаровски +46кг. полетарци
II-Место: 1. Марио Нелоски -22кг. полетарци 2. Кристијан Ангелески -34кг. полетарци 3. Павел Блажески -46кг. полетарци 4. Ивана Секулоска -63кг. кадетки
III-Meсто: 1. Божидар Донески -31кг. полетарци 2. Димитар Донески -46кг. полетарци 3. Дарко Петрески -55кг. стари пионери
Тренерот проф. Ѓорѓија Стојанов презадоволен од постигнатите резултати изјави: – Ова е голем успех за Џудо Клуб “ДРИM” Струга. Напорната работа и посветеноста на тренинзите  се исплати. Но со ова ние тука не застануваме туку уште следната недела на 24.11.2013г. ќе настапиме на Државното првенство за млади пионери и млади сениори во Кавадарци и на 07.11.2013г и 21.11.2013 на два меѓународни турнири во Софија Р.Бугарија каде што исто така очекувам да постигнеме големи успеси. –
На повидок се големи спортски резултати во џудо спортот во Струга. На раководството и членовите на ЏК “ДРИМ” Струга им посакуваме среќа на претстојните натпреварувања и вака да не радуваат со уште поголеми успеси.Во конкуренција од 300 џудисти од Косово, Црна Гора, БиХ, Албанија, Хрватска, Романија и Македонија, џудистите од ЏК “ДРИМ” Струга осво

Пронајдете не на следниве мрежи: