Дуле се уште активен на Фејсбук?!

Неочекуваната смрт на познатиот музичар Дуле од дуото „Дуле и Коки, меѓу најблиските, колегите, пријателите и фановите беше пречекана со шок и неверување.Болката се уште е свежа, а сепак во медиумите се пишуваа секакви скандалозни наслови и приказни, а социјалните мрежи не останаа ништо покуси.
Во последно време социјалните мрежи влегоа во секоја сфера од животот, па луѓето како да изгубија од реалноста и почнаа да пишуваат се и сешто. На профилот на починатиот Дуле, секојдневно пријателите му пишуваат колку им недостига, а дури и му се обраќаат како тој сеуште да е меѓу нас. На дента кога Дуле почина, неговиот профил беше преплавен со безброј постови со содржина почивај во мир. Луѓето кои се меѓу неговите пријатели добиваат нотификации од неговиот профил и со тоа добиваат лажен впечаток.

Иако сите сочувствуваме со болката и жалиме за загубата, сепак нормално е кога некој ќе почине фејсбук профилот да се деактивира. Можеби е неблагодарно, но сето тоа е непријатно, особено ако се работи за јавна личност.

Дали фејсбукот е вистинското место каде што треба да се објавува и лајкува во име на некој кој повеќе не е меѓу нас? 
Извор: Вистина.мкБолката се уште е свежа, а сепак во медиумите се пишуваа секакви скандалозни наслови и приказни, а социјалните мрежи не останаа ништо покуси.

Пронајдете не на следниве мрежи: