Дурловски: Не треба да чувствуваме грижа на совест ако сме патриоти

Ние Македонците сме многу толерантни и пасивни, ништо не е страшно ако го покажеме нашиот патриотизам, да ги штитиме националните интереси, да си ја сакаме химната и да си го сакаме знамето, ова го истакна на денешната прес конференција членот на Иницијативата „За Заедничкa Македонија“, Игор Дурловски.-Мислам дека имаме едно нешто што во нашиот ген, што на некој начин освен толерантни што можеби како збор ќе звучи грубо, односно сме премногу пасивни. Во смисол да не знам друга нација во регионот, друг народ кој што ако излезете и… еве конкретно пред неколку дена имавме случај во Куманово, ако некој Хрват оди во Србија и развее хрватско знаме а на сметка на тоа го тргне српското, не верувам дека добро ќе си помине, ако Македонец оди во Атина или во Солун недај боже го направи истото, не верувам исто така дека добро ќе си помине, рече Игор Дурловски.
-Можеби овие работи изгледаат банално на прва, но сметам дека е нешто што е погрешно, но и не доведува во ситуација да ние како Македонци денес би требало да чувствуваме грижа на совест ако сме патриоти, би требало да чувствуваме грижа на совест ако си ја сакаме државата, би требало да чувствуваме грижа на совест ако испееме македонска песна во моментов и тоа можеби кај мене беше иницијална каписла да при нашата прва средба со моите соборци,беше да направиме нешто што нема да го чувствуваме како погрешно, напротив јас сега моите патриотски чувства можам полесно да ги искажам и ми е полесно затоа што имаме народ позади нас, имаме луѓе кои што исто така размислуваат како нас и не верувам дека сето тоа е случајно, не верувам дека Македонецот е доведен во ситуација да се брани од патриотизмот, не верувам дека е случајно, некој работел на тоа и со такви јавни дебати, со излегување на улиците полесно ќе можат и тие луѓе кои што седат дома, кои што гледаат, кои што се чувствувале до сега инфериорни, ќе го сменат своето мислење, ќе почнат да излегуваат со нас, а секој ден и сами гледате дека поддршката е се поголема, јас сум многу среќен затоа што и многу неутрални луѓе, луѓе условно кажано биле на другата страна или биле неутрални седеле дома и не кажувале ништо ни се приклучуваат и верувам дека ќе имаме се поголем број на луѓе кои што ќе доаѓаат и ќе не следат и ќе ни помагаат, затоа што без вас, без народот на улиците нашето бидува ништо, додаде Дурловски.
–Морам да кажам уште една поента, 15 години живеев во развиените демократии, 5 години во Виена и 10 години во Германија. Во Германија и покрај тоа што сите знаеме дека германската нација носи една дамка до 45та година, сеуште го имаат грижа на совест, меѓутоа за еден Германец кога се работи за националните интереси многу често знае да го покаже својот патриотизам, многу поагресивно од еден Македонец. Ако зборуваме за развиена демократија, за човекови вредности би требало да го научиме и тој дел дека еден Германец си го почитува јазикот, си ја почитува химната, си го почитува знамето и што е најважно од се ги почитува националните интереси, заклучува членот на Иницијативата „За Заедничка Македонија“ Игор Дурловски.-Мислам дека имаме едно нешто што во нашиот ген, што на некој начин освен толерантни што можеби како збор ќе звучи грубо, односно сме премногу паси

Пронајдете не на следниве мрежи: