Дурловски за српски „Телеграф“: Едноставно е- нема да се тргнеме од улиците додека не се повлече платформата

Loading...

Српските медиуми со внимание ја следат политичката ситуација во Македонија и редовно изестуваат за активностите на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија. Српски Телеграф денеска пренесува ексклузивно интервју со еден од иницијаторите на маршот за одбрана на татковината, првенецот на Македонската опера, триесет и двегодишниот Игор Дурловски.Телеграф пишува дека и денеска се протестира во Скопје и во други градови. Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ шести ден е на улиците за да порача дека е јасно против Тианската платформа.
Порталот ја пренесува изјавата на еден од иницијаторите на движењето, Игор Дурловски, кој вели дека документот што го предага ДУИ, а кој го профатил Зоран Заев, е противуставен и испорачан од друга држава со цел да се подели Македонија. Дурловски истакнал дека народот ќе истрае во одбраната на унитарноста на земјата, а тоа го покажуваат секојдневните слики од улиците на Скопје и другите македонски градови.
–Протестираме секој ден, затоа што албанскиот политички блок како услов за коалиција ја постави Платформата, а СДСМ ја прифати. Таа платформа е противуставна и го урива инитарниот карактер на Република Македонија. Тоа е за нас и за сиот нормален свет неприфатливо, вели Дурловски за Телеграф.рс.
Дурловски ја пренел пораката на македонскиот народ дека не се согласува со идејата за двојазичност на целата територија на земјата и со сите останати противуставни предлози од Албанската платформа.
–Едноставно е- нема да се тргнеме од улиците додека не се повлече платформата, порачал Дурловски.
Дурловски објаснил дека платформата е напишана во Тирана и дека содржи многу негативни елементи кои директно го уриваат македонскиот јазичен и културен идентитет и има цел формирање бинационална федерална држава меѓу Македонци и Албанци.
–Она што е уште пострашно е и прашањето за т.н. геноцид за кој Албанците со лидерот на СДСМ во Македонија ги обвинуваат Србите и Македонците. Тоа го прават за да ја променат историјата на нашата држава и улогата на Србите и Македонците, но и за да го потврдат континуираниот карактер на Албанците во формирањето на македонската држава – вели Дурловски и додава дека сето тоа е брутална конструкција со политичка цел.
Дурловски изнел дека целта на „За заедничка Македонија“ е Македонија да биде мултиетничка, со граѓански карактер, а не бинационална држава.
–Целта на сево ова е да се наруши односот меѓу Македонија и Србија, што не е воопшто наивно и може да предизвика поголеми последици во регионот, потенцира Дурловски и додава дека Србија и Македонија се мултиетнички општества, а дека со платформата од Тирана нивната улога и улогата на останатите етнички групи, како што се Турците, Власите, Бошњаците, Србите, Ромите ќе биде трајно подредена и неизвесна.
–Нема да им дозволиме на странските фактори и другите држави да ни се мешаат во внатрешната политика, истакнал Дурловски коментирајќи ги барањата на ЕУ и НАТО претседателот Иванов сепак да му го даде мандатот на Зоран Заев.
–Ќе останеме на улица се додека не се исполнат сите наши барања и будно ќе ја следиме ситуацијата во која сите сме заедно.Телеграф пишува дека и денеска се протестира во Скопје и во други градови. Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ шести

loading...
Loading...