Душебаев: Загреб е многу силна екипа, очекувам тежок натпревар

РК Вардар предстојниот викенд ќе настапи на завршниот турнир во СЕХА ГЈТ лгата, во Нови Сад.За учество на овој „фајнал-фор“ се изборија и екипте на Загреб, Татран Прешов и Мешков Брест.
Противник на македонскиот шампион во полуфиналето е екипата на Загреб, а ракометарот на „Црвено-црните“ Алекс Душебаев очекува тежок натпревар.
 – „Очекувам неизвесен натпревар, бидејќи Загреб е многу силна екипа. Имаат млад тим кој има желба за докажување, а тоа го потврдија со пласманот на втората позиција на табелата. Тие сега комплетно ќе се насочат кон освојување на оваа титула, а причина повеќе за тоа е елиминацијата на нивниот тим од Лигата на шампионите, веќе во групната фаза”,- вели Душебаев и исто така смета дека играта во одбраната како и полуконтрата е нивното најсилно оружје.
– „Мислам дека одлично играат во одбраната, го имаат еден од најдобрите голмани во лигата, а исто така и нивната игра преку полуконтра е одлична. Имаат високи играчи кои располагаат со силен удар од 9-10 метри, кои знаат да постигнат гол од неизградени позиции. Најважно ќе биде ние да одиграме дисциплинирано во нападот, да не губиме топки и така нема да им дозволиме да ја наметнат нивната игра”. 
Повеќе на sport365.mkЗа учество на овој „фајнал-фор“ се изборија и екипте на Загреб, Татран Прешов и Мешков Брест.
Противник на македонскиот шампион

Пронајдете не на следниве мрежи: