Душко Млекарот: Каде е сега Ленче Николовска да напише дека нема откуп на пиперките и дека прва класа е 14 денари?

Расте незадоволството од новата Влада меѓу членството на СДСМ. И најголемите поддржувачи го кренаа гласот против Владата предводена од Зоран Заев.Душко Млекарот, еден од најголемите поддржувачи на СДСМ не е задоволен од политиката и односот на новата Влада кон земјоделците.
-Каде е сега посебниот советник, Ленче Николовска да напише дека нема откуп за пиперките и дека прва класа е 14 денари? Ајде Ленче секоја година пишуваше во Бриф, ела сега да видиш што се случува во Пелагонија, да ги посетиш селаните. Не е само да се качиш на трактор и да објавуваш слики дека ги посетуваш селата, напиша Душко Млекарот на социјалната мрежа Фејсбук.

 
На оваа објава на Душко Млекарот следеа негативни коментари од неговите пријатели. Во еден од нив е наведено дека Ленче се уште се адаптира на фотељата.
-Немој Душко да ја лутиш, ќе те блокира.. Ленче сега се уште се адаптира на фотељата… не е лесно од трактор на фотеља… плус знаеш ли ти колку пара штикли таа искрши за да седне таму каде што е сега.. и плус засипната е во гласот, ептен многу викаше, се вели во коментарот под објавата на Душко Млекарот.

Инаку Ленче Николовска од неодамна му стана советник на премиерот Зоран Заев за прашања поврзани со земјоделството, шумарството и водостопанството.
Николовска е претседател на Агросоветот на СДСМ. Како пратеник во Собранието од редовите на СДСМ беше и претседател на Собраниската комисија за земјоделство шумартсво и водостопанство. Последната функција која што ја извршуваше беше советник во кабинетот на Дополнителниот заменик министер во техничката влада.Душко Млекарот, еден од најголемите поддржувачи на СДСМ не е задоволен од политиката и односот на новата Влада кон земјоделците.
-Каде е се

Пронајдете не на следниве мрежи: