Дваесет и една општина ќе добијат матичен гинеколог

Државата со 30 нови гинеколози кои ќе специјализираат кофинансирани од Владата ќе го решава проблемот со недостиг на гинеколози во земјава. Некои општини како Бутел, Шуто Оризари, Арачиново, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Јегуновце, Липково, Теарце и Демир Капија првпат ќе добијат матичен гинеколог.Ова го соопшти министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција на која информира дека на објавениот трет оглас за кофинансирани специјализации завршена е постапката за селекција и избор на кандидати по гинекологија и акушерство за матични гинеколози за вкупно 21 општина и четворица дипломирани физичари за четири јавни здравствени установи за специјализација од областа на медицинска нуклеарна физика.
Како што појасни, со ова се зајакнува кадарот на матични гинеколози во општина Аеродром, која ќе добие четири нови матични гинеколози, Гази Баба тројца, Бутел, Шуто Оризари, Карпош и Кисела Вода по двајца и Арачиново, Битола, Боговиње, Брвеница, Велес, Врапчиште, Гостивар, Демир Капија, Желино, Јегуновце, Липково, Прилеп, Сарај, Теарце и Чаир по еден матичен гинеколог.
– Со доделените кофинансирани специјализации ќе го зголемиме бројот на матични гинеколози за 22 проценти и со тоа значително ќе се доближиме до европскиот стандард. Според европскиот стандард, кај еден матичен гинеколог има околу 3.000 жени, а со новиот зголемен број матични гинеколози ќе биде околу 4.000 жени, рече Тодоров.
Во општините каде што по првпат или по подолг период ќе има матичен гинеколог, специјализацијата ќе биде кофинансирана во 90 проценти од страна на државата. Матичните гинеколози ќе имаат гарантиран потпишан договор со Фондот за работа и ќе добијат илјада поени, што претставува како да имаат илјада пациенти и месечен надомест од 15.000 денари, пренесе МИА.
На објавениот трет оглас има општини за кои не се пријавил ниту еден кандидат и затоа Министерството за здравство во понеделник ќе го реобјави огласот за 15 општини. Министерот Тодоров очекува да се пријават кандидати и за овие општини и да аплицираат оние кандидати кои не поминале во претходнава селекција, а се пријавиле за некоја друга општина.
Според Тодоров, со кофинансираните специјализации значаен бенефит ќе имаат пациентите од една страна, како и самите доктори кои ќе завршат, од друга страна.
– За жените е значајно што гинеколошките прегледи ќе ги добиваат во своето место на живеење, што значи ќе бидат поштедени од трошоци од аспект на време и финансиски средства кои ги трошеле за патување за секој гинеколошки преглед до друг град. Со редовните прегледи кај гинеколог се овозможува превенција и рано откривање на заболување на репродуктивни органи, истакна Тодоров.
Во моментов во државата има 151 матичен гинеколог и според министерот новите кофинансирани специјализации на гинеколози ќе бидат сериозно надополнување.Ова го соопшти министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција на која информира дека на објавениот трет оглас за кофинансира

Пронајдете не на следниве мрежи: