Две храбри одлуки, две исклучително важни победи, Дарко Тасевски во средниот ред внесува креативен и дотеран офанзивен фудбал кој носи победи

Анализите на ПУЛС24 потврдија дека Македонската фудбалска селекција игра многу подобар, поквалитетен офанзивен фудбал кога во неа е Дарко Тасевски, тоа се покажа на натпреварот со Србија, Словенија, а вчерашниот беше доказ, аргумент-плус.Веројатно ретко кој очекуваше дека Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра таков технички дотеран и модерен фудбал како оној вчерашниот против Велс.
Апелиравме, анализиравме и дојдовме неколку пати до заклучок дека на оваа наша селекција апсолутно, во секоја смисла на зборот и е потребен Дарко Тасевски.
Тоа беше докажано и на натпреварот со Србија, каде бевме „фантастични“ во средниот ред, укажувајќи на одличен технички фудбал кој ни дозволуваше во некои моменти и да играме „тика-така“ против селекцијата на Србија.
Тоа ни дозволуваше да постигнеме, не еден, не два, туку три погодоци на мечот со квалитетната селекција на Словенија.
Веќе е потврдено, Тасевски и Глигоров одлично функционираат заедно, така беше и претходно со Мухамед Демири, кој исто така имаше одлична соработка со Никола Глигоров, кој мораме да признаеме дека го дава последниот атом од својата енергија за настапите во дресот на Националниот тим. За жал Демири е повреден, па Тасевски ја доби приликата, а истата ја искористи максимално позитивно.
Веројатно големите љубители и познавачи на мак фудбалот се сеќаваат на натпреварот со Бугарија, го добивме со 2-0, но сите знаме кога и како го добивме. На тој натпревар се случи едноставно чудо, селекторот Јаневски си доби за право и си зема храброст да го повлече мошне рано целосно индиспонираниот Пандев, па на негово место влезе младиот Давид Бабунски, потег кој ни донесе победа, токму младиот Бабунски беше највлијателна алка во нашиот тим и со сигурност можеме да потврдиме дека придонесе позитивна свежина во нашиот тим.
Сега, на натпреварот со Велс, исклучително важен натпревар, Пандев не му одеше во реализирањето на шанси, имаше 100% шанса, очи во очи со голманот на велшката репрезентација, но биеше непрецизно. Овој пат не смееме во никој случај да му замериме на Горан Пандев, фудбалерот на Наполи одигра перфектно во средниот ред, па за таа пропуштена шанса може апсолутно целосно да му се прости.
Она што треба да се практикува и негува е секако авторитетот на селекторот, тоа треба да се почитува од страна на сите фудбалери. Горан Пандев на мечот со Бугарија со наведната глава го напушти теренот по раната измена, барем ние не забележавме никаков приговор кон селекторот.
Овој пат, рано беше заменет Агим Ибраими, дури во 61-вата минута од мечот, а на негово место влезе мотивираниот млад талентиран фудбалер, Александар Трајковски, па токму Трајковски го направи тоа што Бабунски го направи на мечот со Бугарија, со право можеме да донесеме заклучок дека Трајковски беше херој на македонската фудбалска репрезентација, 3 бода од мечот со Велс големи колку „планина“. Агим Ибраими кој е несомнено во моментов најдобриот македонски фудбалер исто така немаше приговор кон селекторот, барем така ние увидовме. Повторно селекторот Јаневски со правовремена, храбра и исклучително успешна реакција која и носи на нашата селекција голема победа.
Тоа е тоа, ние како спортска редакција на „Пулс24“ понекогаш сме етикетирани дека премногу го „возвишуваме“ Агим Ибраими, да, тоа е реалност и вистина, но така е поради фактот што големиот борец за нашата фудбалска репрезентација ќе изгуби топка, тој ќе претрча цел терен, ќе се врати во одбрана, за да ја покрие својата грешка, нешто што не е случај за жал кај сите. Но, факт е дека тој одигра вчера под нивото на кое знае и умее, па селекторот Јаневски имаше апсолутно целосно право да го повлече од игра, затоа што во репрезентативниот дрес не смее да дојде до никакво опуштање.
Во однос на поседот на топката, Македонската фудбалска репрезентација имаше помал посед на топката на мечот со Велс, тоа е факт, ние имавме 47%, тие 53%. Поентата е што ја игравме истата игра како селекцијата на Велс, фудбал со повеќе додавања и „психолошка војна“ на теренот.
Во однос на шутевите кон гол, имавме идентична бројка, по 8 шута, но ние имавме подобра статистика во однос на шутевите во рамките на голот, 5 спрема 3.
Македонската фудбалска репрезентација психолошки се однесува фантастично на теренот, тоа е очигледно. Во минатото тоа не беше така за жал, сега впечатливо е дека кога има притисок од публиката (апсолутно непотребен и штетен за националниот тим), нашите фудбалери не обрнуваат никакво внимание па продолжуваат со врзување на играта со повеќе додавања (без разлика на резултатот) и креирање на изгледна шанса со целосно разбивање на противничката формација, тоа се покажа како одлична тактика која носи резултати, па може да се честита за одличното психолошко однесување на нашиот национален тим.
Следниот натпревар нашата селекција го игра за три дена, исто така на домашен терен против селекцијата на Шкотска, на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје, со почеток од 20,30 часот.
Имаме изгледни шанси за третото место во групата што би значело историски успех, кој би донел одлично раздвижување на ФИФА ранг листата и мошне подобра квалификациска група во наредниот квалификациски циклус, трето место во ваква група, или поточно речено во „групата на смртта“ е фантастичен успех.Веројатно ретко кој очекуваше дека Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра таков технички дотеран и модерен фу

Пронајдете не на следниве мрежи: