Две малолетни деца загинаа во „брканица“ со автомобили

Две дечиња, братчиња на 3 и на 10 години загинаа, а две цели семејства се повредени на автопатот Ниш – Белград. Фаталната „брканица“ со автомобили меѓу две турски семејства се случила додека се враќале од Турција во земјите од ЕУ.Возачите на комбињата си „играле“ на патот и се возеле паралелно и претекнувајќи се наизменично, сѐ додека едното од комбињата не ја загубила контролата и удрило во задниот дел на другото возило. 
Во комбито „мерцедес“ , со холандски регистрација, имало пет члена од турската фамилија Тузунер, која од одморот во татковината се враќале на работа во Холандија. Комбито го возела Фатима Тузунер, а покрај неа седел сопругот Саликимил Цетин (36), зад нив биле трите деца. Двајцата браќа загинале, а седумгодишната ќерка е тешкоповредена.

Во другото комби „хјундаи“, со француски таблички, била турската фамилија Цалацар со шестмина лица, кои се враќале од одмор за Франција. Меѓу нив биле четири деца, кои се тешкоповредени.
Според извори од полицијата, двете комбиња на автопатот постојано возеле паралелно и многу блиску се приближувале едно до друго и така се „забавувале“.Во еден момент, во близина на Белград, возачот на второто комби им мавтал на децата кои седеле на задното седиште во „мерцедесот“.

Тој загубил контрола над возилото, и со голема брзина удрил во првото комби. Возилото на фамилијата Тузунер било отфрлено во банкината, а потоа од силината на ударот двете комбиња се превртиле.
Од страшниот удар сите патници биле повредени, од кои две деца имале смртни последици.
Српските медиуми пренесуваат изјави од полицијата, од каде што изјавуваат дека ваква несреќа досега не било забележана во нивниот билтен.
republika.mkВозачите на комбињата си „играле“ на патот и се возеле паралелно и претекнувајќи се наизменично, сѐ додека едното од комбињат

Пронајдете не на следниве мрежи: