ДВЛМ во општетсвено одговорна мисија

Под мотото Играј за забава, Државна видеолотарија на РМ реализираше убаво претпладневно дружење во новиот едукативен центар во Зоолошката градинка во Скопје со екипите кои ги поддржа во реализација на нивното меѓународно преставување на реномирани светски натпреварувања.Само за потсетување, Државна видеолотарија на Република Македонија во склоп на својата визија за општествено одговорна компанија, негувајќи ја идејата за еднаков третман на сите во општеството, со донација ги охрабри членовите од Специјална Олимпијада Македонија во остварувањето на нивниот предизвик- учество на Летните олимписки игри во Лос Анџелес. Тие постигнаа најголем успех досега. Летните олимписки игри се најголемиот глобален, спортски и воедно хуманитарен настан, на кој 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји се натпреваруваат во 25 Олимписки спортови. На денешното дружење во Зоолошката членовите на Специјална олимпијада Македонија ги споделија своите искуства. Горјан Стојковски го раскажа своето доживување на кошаркарскиот терен каде македонскиот тим освои сребро. Искрено сподели дека жали што не беше прогласен за МВП играч.
Државна видеолотарија на РМ го поддржа и македонскиот шест член тим кој од 20 до 29 јули, во главниот град на Азербејџан, Баку, се натпреваруваше на 47-то издание на Меѓународната олимпијада за хемија. Според менторот Јане Богданов: „ Горди се заради можноста да бидат дел од ова светско натпреварување, да стекнат нови искуства кои ќе им користат во иднина. “ 

Токму нивните успеси, беа наш денешен предизвик, за две убави изненадувања.
Во Зоолошката градина во Скопје пристигнаа морските лавови, па токму оваа екипа имаше ексклузивна прилика да биде првата која се дружеше со нив. Двајцата мажјаци се сместени во нивното ново живеалиште кое се протега на околу 200 квадрати, со базен од 350 кубни метри околу кој има патека за посетителите. Морските лавови се многу интересни животни, многу се подвижни при пливањето и нуркањето. Можат лесно да се дресираат и да научат разни вештини. Се хранат исклучиво со риба и морски плодови. Токму поради сето ова, денешниот ден беше посебно интересен за нашите гости.
Државна видеолотарија на РМ, покрај убавото претпладневно дружење во Зоолошката, се погрижи тие да добијат уште еден ден забава, посебно затоа што ја препозна кај нив желбата за уживање во спортски настани. Во знак на поддршка на нивниот успех, ДВЛМ им овозможи да го следат мечот Македонија Шпанија на арената Филип Втори, во вторник 8ми септември.Само за потсетување, Државна видеолотарија на Република Македонија во склоп на својата визија за општествено одговорна компанија, негувајќи ја

Пронајдете не на следниве мрежи: