ДВОЈНА ИГРА НА ГАБРИЕЛА: Со него има секс, а со неговата сопруга пие кафе!

Сѐ уште не стивнуваат страстите за најголемата љубовна афера во „Фарма“, која претставува кулминација на случка од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Пинк“, а која всушност е вонбрачна врска помеѓу двајца млади натпреварувачи.Семир Џанковиќ, пејач од Нови Пазар, сопруг на Санела Џанковиќ со која има две деца и Габриела Пејчев од Софија, биле љубовници додека траеле „Ѕвездите на Пинк“. За нивната врска се дозна откако Габриела влезе на „Фарма“, а неодамна влезе и Семир. Настана вистинско шоу.
Прво Семир зборувал дека воопшто не бил со Габи, а таа изјавила дека не ја познава неговата сопруга Санела Џанковиќ. Меѓутоа, социјалните мрежи ја разоткрија лагата.
Габи и Санела и тоа како се познавале, имаат заеднички фотографии, а сопругата на Семир ѝ пружала поддршка на колешката на нејзиниот сопруг и ги повикувала фановите да гласаат за неа. Исто така, таа не штедела на комплименти наменети за згодната Бугарка.

Меѓусебно си коментирале на Инстаграм, а Габриела играла двојна игра.
„Санела едвај издржа. Беше многу тажна, малку недостасуваше да падне во депресија, бидејќи е личност која многу им верува на луѓето и навистина ѝ се допаѓаше Габи. Во ниту еден момент не помисли дека ѝ прави нешто зад грб. Настана хаос во тие денови кога приказната се најде во весниците. Но, бурата се смири“ – изјавила пријателка на Семир која сакала да остане анонимна.
Санела Џанковиќ не сакала да го коментира пријателството со Габриела, туку кратко одговорила:
„Сите полека почнуваат да сфаќаат каков човек е Габриела и што е во состојба да направи поради кариерата, а времето ќе ја покаже вистината“.Семир Џанковиќ, пејач од Нови Пазар, сопруг на Санела Џанковиќ со која има две деца и Габриела Пејчев од Софија, биле љубовници додека траеле &bdqu

Пронајдете не на следниве мрежи: