Еден од најдобрите млади фудбалери на светот го загуби животот во сообраќајна несреќа!

Фудбалерот на малдинскиот тим на Белгија и член на германскиот бундеслигаш Волфсбург, Жуниор Маланда, вчера го загуби животот во сообраќајна незгода.Белгискиот интернационалец загина во сообраќајна несреќа откако автомобилот во кој што се наоѓал, со голема брзина излетал од патот и се превртел.
– Причина за несреќата е неприлагодената брзина на возилото, а во времето на несаканата случка дувал и силен ветер – соопштија од германската полиција.
Овој 20-годишен фудбалер важеше за еден од најголемите надежи во белгискиот фудбал, а за тимот на Волфсбург кој се наоѓа на второто место на табелата во есенскиот дел од шампионатот, настапи на девет натпревари.
Оваа трагедија што ја погоди екипата, го одложи вечерашниот пат за Јужна Африка на неколку дена каде требаше да отпочнат зимските подготовки пред почетокот на пролетниот дел од шампионатот.Белгискиот интернационалец загина во сообраќајна несреќа откако автомобилот во кој што се наоѓал, со голема брзина излетал од патот и се превртел.

Пронајдете не на следниве мрежи: