Еден загинат и тројца повредени во тешка сообраќајка кај Колари

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево –Гостивар се случила вчера кај село Колари.Патничко моторно возило Мерцедес со охридски регистарски таблички излегувало од локалниот пат кој води во с. Колари при што во него удрило патничко моторно возило  Ауди со кичевски регистарски таблички. При несреќата возачот на Мерцедесот, жител на с.Колари, се здобил со тешки повреди. Упатен е во Медицинскиот центар Кичево, поради сериозноста на повредите од таму во Ургентниот центар во Скопје, но им подлегнал на повредите. Тројцата патници од возилото Ауди се со лесни телесни повреди, информираат од Обвинителството.
На лице место кај сообраќајната несреќа увид изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево, заедно со увидна екипа од МВР.
Во насока на расветлување на причините за случената несреќа, надлежниот обвинител издаде Наредби за вршење на обдукција на починатото лице, за технички преглед на моторните возила, како и за испитување на крвта на учесниците во несреќата со цел утврдување на евентуално присуство на алкохол.
Дејствијата на обвинителството ќе продолжат за да се утврдат фактите во предметот.Патничко моторно возило Мерцедес со охридски регистарски таблички излегувало од локалниот пат кој води во с. Колари при што во него удрило патничко

Пронајдете не на следниве мрежи: