Во последно време, често можеме да слушнеме или прочитаме дека таканаречениот „шоубизнис“ бара совршен изглед. Всушност, доколку сакате успех во таа сфера, морате да го дповедете својот успех до совршенство. Во приказната која следува ви претставуваме девојка која открива што се, директно или индиректно, се очекувало од нејзе и како се изборила со тоа.Марни Симпсон (22) станала позната по учеството во едно МТВ реалити шоу. По огромниот постигнат успех, Марни чувствувала притисок дека мора да изгледа совршено.
„Направив операција за подигање на градите. Тоа го направив поради две причини. Првата беше тоа што моите гради не беа во најдобра форма, едната беше поголема од другата, воопшто не бев задоволна од нивниот изглед, а втората причина беше што за прв пат во животот можев да си го приуштам тоа.
Говорејќи за тоа како се чувствува бидејќи во јавноста се појавиле фотографии од нејзината операција на градите, рекла: „Можевте да го видите тоа на телевизија. Бев прилично шокирана“.
Признава дека познатото шоу, Џорди шоу е нешто најубаво што и се случило, но исто така додава: „Учеството во шоуто ми донесе слава и пари, но и притисок дека морам да изгледам совршено“. Сега е очигледно дека со задоволство го покажува своето деколте. Во меѓувреме станала дизајнерка и креира облека. Тежнее кон тоа нејзините креации да бидат секси, но софистицирани.
Марни Симпсон (22) станала позната по учеството во едно МТВ реалити шоу. По огромниот постигнат успех, Марни чувствувала притисок дека мора д



